subota, 21. rujna 2019.

ВИ БЛАГОДАРАМ

Благодарам е збор кои излегува од длабочините на изворот а се влева во силите на океанот наречен живот.Ви благодарам и со радост ве поздравувам и со  светлина од книгата ГЛАС НА ВРЕМЕТО.Голема благодарност сакам да искажам до мојата пријателка Јелена  Паулај, до директорот Синиша Петковиќ кој дадоа голема подршка почит и љубов како према пишаниот збот така и кон  јазикот македонски и кон земјата Македонија Ви благодарам.
Голема благодарност до Агенцијата за иселеници на Република Македонија кој ја печатеш оваа книга.Благодарност за Графична подготовка Николина Клатт.
Слика на корицата Бобан Димовски.Рецензија Божидар Јовиќ и Иван Котев.
Ви благодарам.

ЗБОРОТ Е ЗАКОН


ЗБОРОТ Е ЗАКОН

Зборот е закон,а поезијата е игра која танцува со зборот, ги пее песнити на љубовта и расти како пролетен цвет.. Зборот патува таму далеку, каде сите сонови спиат а зборот денот го буди.Пролетното кокиче се враќа во сонот на времото, останува запишано со буквите кој остаават трага по лицето на пролета,зминува и поново се раѓа.Зборот е закон кој знае да збори и исто да молчи, кога и најдлабоко молчи пишува песна, која ја пеат сите приказни на животот, остава топли бакнежи по секоја бела страница, по песокот на секоја песочна плажа, пишва поезијата, песни по сите гранки кој ги понесуваат сите ветрови кој заминуваат и поново се враќаат. Во поезијата се запишани сите песни на љубовта, поезијата е збор, престол и храм на секоја душа а живее во животот на вечниот збор.
Еве за зборот кој го пишувам сега, погледот застанува пред зборот, зборот е игра на зборот пред прагот на секој песна и пред секој граничен премин.Со зборот остануваат запишани деновите раздиплени по туѓите земји и останува туѓина запишана со мајчиниот поетски збот. Некој зборови поминуваат и не застануваат пред дланките на зборот остануваат да горат во пламенот на поетското срце. Поезијата е глас на времето, кое копа по буквите на азбуката, и копаат по корените на дабовината, ја лупи кожата на зборот која нема смрт. Останува запишана во Библијата, вечниот збор и јазикот се спомени кој горат во вечната вистина. Таа адреса останува вчна,адреса точна на зборот и поезијата останува препознатлива под секоја перница на вечниот сон и секоја фантазија.Адреса на тишината, и плод на топли зборови, остануваат милување на слободата и на секој поет...
Ви благодарам.

Соња Таировска Ѓурчак
21.09. 2019 Улм

petak, 30. kolovoza 2019.

ЧУДНИ СЕ СОНИШТАТА

ЧУДНИ СЕ СОНИШТАТА       Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Орелот, го грабна пленот
го одвои од мајчиното млеко
и од мирисот на постелата
исткаена во шумската тишина.
Чудни се соништата на живиот свет,
кој се и сами плен на животот.
На два брега, боговите пишуваат
и го чекаат утрото
а соништата бегаат пред огнот.
Птиците,
по грмушките прават нови гнезда.
Ноќта го покрива непознатиот град
од каде се слуша музика,
на расеаните насмевки и од стеблото на земјата.
Чудни се соништата
а јас трчам по цветната ливада на поезијата.

Соња Таировска Ѓурчак
30. 08. 2019 Улм

nedjelja, 25. kolovoza 2019.

УМЕТНОСТА

Уметноста е недофатно тело,
има голема улога и е преносник
на вистината помеѓу времето и просторот...

srijeda, 21. kolovoza 2019.

ПОЕЗИЈАТА Е МЛАДОСТ,

ПОЕЗИЈАТА Е МЛАДОСТ КОЈА ЦВЕТА ВО СИТЕ БОИ И РАСИ ВО БУДНОТО МОРЕ❤️ИМАЈТЕ РАДОСТ И УБАВИ ПОЕТСКИ ДЕНОВИ ВО СТРУГА ❤️МАКЕДОНИЈА ❤️


 Ве поздравувам со брзината на светлината и Ви посакувам благословено време на поезијата.Поезијата е светлина која шепоти во сите темнини и во секоја ноќ.Цвета со првите пролетни цветови и во јазикот на секое дете,како една семка засадена во земјата раси цвета и живее по браздите на секоја меѓа и во будното море.Поезијата е младост која е обоена со сите убави бои и цвета во сите цветови.Таа големина на зборот е наше богаство со које чекориме во хоризонтот на вистината и чистината.Таа не убива,успева во дланките на секој чист благословен поет.Имајте поетски денови исполнети во радост.

ponedjeljak, 19. kolovoza 2019.

МК ХХХХХ


💗💗💗

Воздржливоста е
благословена
однеа се раѓа радост.

💗💗💗

Човекот е дете,
живее во светот на децката градина,
секојдневно патува со бескрајниот пат 
во животот,останува дете на Вечноста
и син на младоста.

💗💗💗


Лекцијата на денот:
Почит,искрајност,љубезност кон себе и сите други.
( на пркоста, дволичноста и се многу кратки нозите)
 
💗💗💗 


Најголемиот екран во просторот е фантазијата...
 
💗💗💗

utorak, 13. kolovoza 2019.

МАГЛА ОД ЧАД

МАГЛА ОД ЧАД                                                      Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Се менуваа боите
пред исплетената колиба
како семафор во ноќта.
Магла од чад
ги покриваше буквите
кој ја допишуваа децката приказна
и го мереја времето на смрта.
Дабово стебло, рашири сенка
над земјата
и со раширени раце моли
пред олтарот на небото.
Буквите тивко полетаа
под сјајот на звездите
каде не постои смрт.

Соња Таировска Ѓурчак
13. 08. 2019 Улм