ЗБОРОТ
Е ЗАКОН
Зборот
е закон,а поезијата е игра која танцува
со зборот, ги пее песнити на љубовта и
расти како пролетен цвет.. Зборот патува
таму далеку, каде сите сонови спиат а
зборот денот го буди.Пролетното кокиче
се враќа во сонот на времото, останува
запишано со буквите кој остаават трага
по лицето на пролета,зминува и поново
се раѓа.Зборот е закон кој знае да збори
и исто да молчи, кога и најдлабоко молчи
пишува песна, која ја пеат сите приказни
на животот, остава топли бакнежи по
секоја бела страница, по песокот на
секоја песочна плажа, пишва поезијата,
песни по сите гранки кој ги понесуваат
сите ветрови кој заминуваат и поново
се враќаат. Во поезијата се запишани
сите песни на љубовта, поезијата е збор,
престол и храм на секоја душа а живее
во животот на вечниот збор.
Еве
за зборот кој го пишувам сега, погледот
застанува пред зборот, зборот е игра
на зборот пред прагот на секој песна и
пред секој граничен премин.Со зборот
остануваат запишани деновите раздиплени
по туѓите земји и останува туѓина
запишана со мајчиниот поетски збот.
Некој зборови поминуваат и не застануваат
пред дланките на зборот остануваат да
горат во пламенот на поетското срце.
Поезијата е глас на времето, кое копа
по буквите на азбуката, и копаат по
корените на дабовината, ја лупи кожата
на зборот која нема смрт. Останува
запишана во Библијата, вечниот збор и
јазикот се спомени кој горат во вечната
вистина. Таа адреса останува вчна,адреса
точна на зборот и поезијата останува
препознатлива под секоја перница на
вечниот сон и секоја фантазија.Адреса
на тишината, и плод на топли зборови,
остануваат милување на слободата и на
секој поет...
Ви
благодарам.
Соња
Таировска Ѓурчак
21.09.
2019 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar