ponedjeljak, 28. studenoga 2016.

МОСТОТ НАРЕЧЕН ЉУБОВ


МОСТОТ НАРЕЧЕН ЉУБОВ


Одамна беше тоа,а остана запишано како да е сега.Се нижат зборови на сеќавања,будат вистини,традиции,вера која е врзана во срцето од младоста, срце која ја носи и чува како аманет од топлото огниште,кое уште гори во пламен.Врзано во историјата од младоста, која дава сила,љубов и ја грее златното Сонце.Зелените ливади останаа да раскажуваат за децвото поминато под брегот, и ги чува приказните кои и сега дишат.Зборот мајчин е звезда,која оживува минато,а раѓа сегашност од животот на двојниот пат.Летото гостува и под зимските перници,раскажуваќи ги убавините од книгата напишана во летниот распуст,од домот на величината,а животот ги дели со странскиот јазик но спак вели ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈО.
Насталгијата го сретнува секое заталкано срце,кое чиниш веќе е замрзнато во водите на океанското бранување,или во просторот под небото,каде летаат птиците на надежта.
Извори од каде поекуваат опојни мисли,мисли кој милуваат ,сакаат,сонуваат и ја гледаат вистинската љубов.Надлетуваат и слетуваат над изворите на македонските води,пијат,од светлината и љубовта македонска. Љубовта на зборот е мајчината душа, копнеш на желба, поезија или проза,расказ или песна се мини на мостот кој се нарекува љубов.Мајчиниот јазик на кој пишувам,распослан е низ светот,светот е мал,зборот е голем кој кажува многу од минатото од вчера а го кити новиот ден со китките на љубовта кои минат на мостот наречен љубов........

Соња Таировска Ѓурчак
28. 11. 2016 Улм

nedjelja, 27. studenoga 2016.

ЗНАМ

ЗНАМ

Знам,
дека живот за животот постои.
Знам,
дека радост за радоста постои.
Знам,
дека љубов за љубовта постои.
Знам,
дека среќа за среќата постои.
Знам,
дека желба за желбата постои.
Знам,
дека вистина за вистината постои.
Знам,
дека добро за доброто постои.
Знам,
дека и во животот има одговорнос.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 11. 2016 Улм

petak, 25. studenoga 2016.

ДОМОТ НА МОЈАТ ДУША

ДОМОТ НА МОЈАТА ДУША

Свеќа која трепка,
а ветрот чиниш дека ја гали.
Светлината, трепери пред темнината,
посига во сеќавањата на аголот,
во другата страна на мојата душа.
Домот на мојата душа е просторот,
се раздиплува во печалбарскиот
свет,собираќи го семето од
златниците,а среброто поцрна.
Студот ги собира паежинити
од просторот на минатото,
во домот на цветната душа.
Времето е долго,во простоерот на небото
а светот е мал,снегулките се топат
во домот на мојата душа.
Домот на мојата душа, живее и
има многу место,зборот е песна
секој патник понесува збор,
порака топлина,радост
од домот на просторот кој зборува и пее.
Свеќата која трепка вечно свети
во домот на мојата душа.

Соња Таировска Ѓурчак
25. 11. 2016 Улм

četvrtak, 24. studenoga 2016.

ТИШИНАТА НА ДЕНОТ


ТИШИНАТА НА ДЕНОТ

Ја отвора вратата,
го раскрили прозорецот,
а покровот на куката остана
како прва љубов.
Се гради, мостот на денот
ја поврзува пораката во кочијата на гласот,
низ тишината се моли молитвата
која се шири како магла пред денот.
Часовникот како да застана,
пред една точка,
слушајќи ја приказната од
тишината на денот.
Каменот прзбори,
кој долго лежеше на прагод пред мостот.
Раскрсницата ги склопи дланките
пред звездите кои заминаа.

Соња Таировска Ѓурчак
24. 11. 2016 Улм

utorak, 22. studenoga 2016.

АФОРИЗМИ ХХХХ


*****

Убавината на денот е убавата мисла.

*****

Добрите дела, се украс на добрата душа.

*****

Среќата е толку голема,
колку помагаме да бидат другите среќни.

*****

Среќната душа,
ја прават среќна само добрите дела.

*****

Секоја намерна грешка,е како олово тешка

*****

Сите овци не пијат вода од ист извор.

*****

 Имајте убава вечер,
сите убави мисли нека бидат ваши  најдобри другари и,
сте убавини да бидат во вашите очи,
сите убави сонови да ја будат во зори, душата ваша во радос.


Соња Таировска Ѓурчак
22. 11. 2016 Улм

ДЕНОТ ПЛОВИ


ДЕНОТ ПЛОВИ

Денот плови во мирмните води,
денот плови и во убавини оди.
Денот е убав и зората ја раѓа
се шо не е убаво нека тони и паѓа.
И птиците пеат во гората и,
ја будат зората.
И оваа песна плови во денот,
водите се бистри,
и пораки праќаат мисли чисти.
Нека биди мир во светот,
среќа и радост во секоја душа младост.
Денот плови, по страници нови,
книга пишува и чита,
мисла убава чиста ита.
Денот плови само со една торба
а во неа и оваа творба.

Соња Таировска Ѓурчак
22. 11. 2016 Улм

subota, 19. studenoga 2016.

ГРАДИНАТА НА ДЕНОТ


ГРАДИНАТА НА ДЕНОТ

Пролет е,
врни,
а денот
градина сее.
Градината на денот
нов живот дава,
секое семе
во земја го става
и, живот му дава.
Градината на денот
семе сее,
за мир и љубов,
за мир и добрина,
за мир и напредок
во светот!
Градината на денот
род ќе роди,
и жетва ќе се стори,
богата!
Градината на денот.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 11. 2016 Улм