utorak, 31. svibnja 2016.

АФОРИЗМИ

Од небото паѓа светлина чиста,
се распостила на земјата цврста,
истобојни разцветани долини
со цветови мали,
светлината прозирна душата им ја гали.

*****

И во секој камен има  дијамант.

*****

Трудот е успех но секогаш потсмеван
на неуспешните и светлината им е темна
а вистината лага.

 *****

Осамените плачат гласно
тагата и болката им е тешка
но глас не им се слуша.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 05. 2016 Бад Швалбах

ПО ПОТРАГАТА



ПО ПОТРАГАТА

Сите патишта го променија правецот,
а,  времето застана.
Птиците летаат во круг
а рибите пливаат во водите на жалоста.
Се се смена, се се пормени,
само адресата остана точна
од болната душа,
адресата од времето
и  улицата со истиот број.
Од која чешма сега,
течи водата на животот,
Која река ја пери
тагата на болната душа.
Од кој извор извира
силата на самодовербата.
По потрагата
која патува низ пустината.
По потрагата
која се распосла во туѓината.
По потрагата на времето
одам и одговорот го барам.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 05. 2016 Бад Швалбах

subota, 28. svibnja 2016.

UBAV VIKEND

UBAV VIKEND

Klucot za radost, sreka,zdravje se naogja,vo iljadnici zrca pesok,samo edno zrno e vo dusata tvoja sto ja otklucuva vistinata.
Ubav vikend.

petak, 27. svibnja 2016.

ДЕНОТ Е МОРЕ



ДЕНОТ Е МОРЕ

Се пробуди од темнината
и се распосла во светлината.
Едно зрно песок,
жално денот го моли,
со тажна песна,  
пред отворено море.
Ноти од песок,
и музични бранови
пливаат во денот на морето,
наречен живот.
Мислите на морето,
таласаат патуваќи низ светлината
брануваа во денот на морето.
Денот е море,
блесок под сонцето и плавото небо
развој во која душата неуморно плива  
во светлината  на морето.
Денот е море и песна од песок.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 05. 2016 Бад швалбах

srijeda, 25. svibnja 2016.

СОН НЕДОСОНУВАН



СОН НЕДОСОНУВАН

Ме пробуди утрото,
а сонот замина,
замина и остана недосонуван.
Тоа ли беше сон,
или вистина утринска бела,
низ тишинита што замина цела.
Остана сонот недогледан,
замина некаде таму,
или полета горе
по кој пат ли појде?
Се размина со светлината,
ја пронајде негде далеку вистината.
Остана само паежина
од сон недогледан
од сон недосонуван.

Соња Таировска Ѓурчак
25.05. 2016 Бад Швалбах

ponedjeljak, 23. svibnja 2016.

ОД ДЕНОТ



ОД ДЕНОТ

Затворена остана портата од денот,
времето и просторот ја следат тишината,
распослана низ длабочините на минатото.
Камарчето, распаднато ја засолнува иконата
ја гледа вистината од денот и
од среќните времиња
што оставија трага од денот тука.
Таму каде и душата пролета ја буди
времето пишува,пишува од денот.
Таму далеку, на исток каде земјата и небото
прават рај од денот,
таму ја гледам уште светлината од денот,
ја слушам песната на земјата плодна,
цветовите ја шират бојата од денот ,
и мирисот на денот кој се простира,
до последната станица,
до хоризонтот на љубовта.

Соња Таировска Ѓурчак
23. 05. 2016 Улм


nedjelja, 22. svibnja 2016.

АФОРИЗМИ

*****

Душата зборув им после смрта.

*****

Само вистината ја открива тајната на душата.

*****

Во светот на чудата живее смрта.

*****

Господ ја створи смрта,и ја пресели во чудниот и невидливиот свет.

*****

Животот е мост измеѓу животот и смрта.

Соња Таировска Ѓурчак
21. 05. 2016 Улм