subota, 7. veljače 2015.

СЕ БУДАМ

Се будам 

Со дофат на надешта 
гордост 
во верата 
топлината на љубовта 
се будам во вистината.

АФОРИЗМИ 100

Во животот не постои старост,
животот е,љубов вечна младост.

АФОРИЗМИ .999.

Тајната е сопственост,
а мудроста трага по одговорот.
“““
Животот упатен кон духовното богаство
има секогаш двојни успех.
„„„
Богаството на животот
се наоѓа во длабочините на душата
наречено душевно богаство....

Соња Таировска Ѓурчак
7, 2, 2015  Улм

četvrtak, 5. veljače 2015.

Trendafil

ТЕ САКАМ

ТЕ САКАМ

Срушени букви стари
стојат рушени од тебе,
стојат и времето го бројат.
Поглед по букви бега
приказна жива
сакам да ги соберам
и да ги бројам.
Ако сега ги грешам
во песна и нота ќе ги ставам
и ќе се решам.
Седум букви ми требаат само,
со седум букви зид ќе зидам
и со нив темел ќе ставам
Те сакам.


Соња Таировска Ѓурчак
5. 2. 2015 Улм 

ТАА МЛАДОСТ

ТАА МЛАДОСТ

Тага во срце свена,
а тебе, покрај мене те нема.
Што судбина беше таа,
како бура, изчезна таа младост,
гром падна не раздеил нас.
Сега, пишувам и творам,
поетска маѓија ќе створам,
покрај тебе сакам да бидам,
во очи наши љубов топла да видам,
Пак празни ветувања нудиш,
на кантар мера лага си ставил,
љубов се мери во младост,
нај точна е да се измери во старост.
Ти сега молиш,сув леб
трошки по џепови ставаш,
сакаш со трошки пченица да сееш,
каков плод ќе жнееш?
Ветувања лажни, ветувања празни,
во темни сокаци оставаш.
Простими ми велиш 
сакам сега вечно со тебе да бидам
во животот не постои старост,
животот е,љубов вечна младост.

Соња Таировска Ѓурчак 
5. 2. 2015 Улм 

DRUGO VREME NEMA

ДРУГО ВРЕМЕ НЕМА

Оди
брза
како река
полна исполнета
во тишина
мека.
Времето
оди
и не чека,
денот нов
пак со
времето
оди.
Друго
време
нема.
Соња Таировска Ѓурчак

5. 2. 2015 Улм