četvrtak, 5. veljače 2015.

ТАА МЛАДОСТ

ТАА МЛАДОСТ

Тага во срце свена,
а тебе, покрај мене те нема.
Што судбина беше таа,
како бура, изчезна таа младост,
гром падна не раздеил нас.
Сега, пишувам и творам,
поетска маѓија ќе створам,
покрај тебе сакам да бидам,
во очи наши љубов топла да видам,
Пак празни ветувања нудиш,
на кантар мера лага си ставил,
љубов се мери во младост,
нај точна е да се измери во старост.
Ти сега молиш,сув леб
трошки по џепови ставаш,
сакаш со трошки пченица да сееш,
каков плод ќе жнееш?
Ветувања лажни, ветувања празни,
во темни сокаци оставаш.
Простими ми велиш 
сакам сега вечно со тебе да бидам
во животот не постои старост,
животот е,љубов вечна младост.

Соња Таировска Ѓурчак 
5. 2. 2015 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar