subota, 25. veljače 2023.

КАКО ШТО Е НЕБОТО ЧИСТО

 

 КАКО ШТО Е НЕБОТО ЧИСТО 

Како што е небото чисто,

како што е земјата цврста,

како што е духот  прозирен,

така и тука долината цути.

Ако сето ова не постои се се претвори во пустина.

Многу слично е меѓу народите.

Ако престаниме да зборуваме

ако се нема искрајност,

се нема почит и чист збор,

невладее благодарност и љубов

се живее само за интерес

се се претвора во пустина.

Жално ама вистински,непрашувај каталец прашај паталец велеше мајками.

Соња Таировска Ѓурчак

25.02. 2023 Улм

МК

Изборот во животот е многу важен,

избериго најубавото,најдоброто.

За каеење нема место. 

petak, 24. veljače 2023.

мк

 НА БЕЛАТА СТРАНИЦА

Сакам, да ја пронајдам мислата
на белата азбучна страница
која пред мене, зад мене излетува,
во напуштената родна краина.
Во перница,сонот го променив
будно сонувам,
коренот на стеблото пее
а лисјата неуморно треперат во таласите на шумата
која повикува во далечината на еден живот
кој е запишан на белата страница.
Здивот се растури, од подкожните бубачки
боите се разлеаа,слепите не видоа.
Соња Таировска Ѓурчак
23.02. 2023 Улм 

НА БЕЛАТА СТРАНИЦА кн 11

 

НА БЕЛАТА СТРАНИЦА

Сакам, да ја пронајдам мислата

на белата азбучна страница

која пред мене, зад мене излетува,

во напуштената родна краина.

Здивот се растури, од подкожните бубачки

боите се разлеаа,слепите не видоа.

Го преместувам сонот во перница,

будно сонуваме,

коренот на стеблото  пее

а лисјата неуморно треперат во таласите на шумата

која повикува во далечината на еден живот

кој е запишан на белата страница.

Соња Таировска Ѓурчак

23.02. 2023 Улм

utorak, 21. veljače 2023.

ПРЕД ПРАГОТ НА МОЈАТА ДУША кн 11

 

ПРЕД ПРАГОТ НА МОЈАТА ДУША

Го мамам ветрот,

да ја смирам бурата на денот

пред прагот на мојата душа.

Дождот се лизга,

врз времето на моето постоење.

Блесок од дијамати ги собирам и кријам

од крадецот на времето во разлеаната ноќ.

Јас како подстанар се туткам

пред прагод на мојата душа

да ја спасам од бурата на темниот облак.

Јазолот на јажето остана врзан,

во прстите на еден чирак.

Бурата одминува и во тишината шумат

првите кокичиња

кој ги кани мојата душа.

Соња Таировска Ѓурчак

21. 02. 2023 Улм

ponedjeljak, 20. veljače 2023.

ОДАМ БОСА кн 11

 

ОДАМ БОСА

Одам боса,

со песната, која ја пишувам

на македонски мајчин јазик.

Нозете ме бола од изоденото времето

кое остави стапки на долгите печалбарси песни

кој ги пишувам во боите на два света.

Одам боса,

пишувам, под ноќната ламба

ги собирам корените на стеблото

раширени како децки цртеж,на геогрфска карта.

на нозите ноктите ме болат

туѓите чевли ме стегаат..

 

Соња Таировска Ѓурчак

20.03.2023 Улм

 

 

nedjelja, 12. veljače 2023.

МК

 

 

Што окото гледа не гладаме,

што ушите слушаат неслушаме,

што устата зборува

 убавото,доброто не го кажуваме,

во каква душа живееме,

во светлината на непознатото,...

да ја отвориме душата кон доброто и вистината.