ЗВОНАТ КАМБАНИТЕ
Во утробата на
заедничките јазици,
пред сликата на
стаклената возбуда.
Во неблагодарното
време
растрчано по
килимите
ткаени од мојата Баба.
Умираат спомените,
закопуваќи ги
сеќавањата на јазиците
и мислата во
огнот на времето.
Ѕвонат кабаните, за
стихот кој испарува
а,го запишува допирот
на времето.
Утре нема рок на
траење
Ѕвонат камбаните.
Соња Таировска Ѓурчак
03.09. 2021 Улм
