ВО КНИГАТА ПИШУВА
ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА
ЖИВОТОТ Во книгата СВЕТЛИНА НА ЗБОРОТ
Животот, се
протега
во далечините
на стравот.
Огледалото го
гледа небото
повикуваќи ги
сите птици,
кон далечините
на животот.
Љубов е зборот,
овде што
останува,распослан
по гранките на
стариот даб.
По морето таласа
сонот
на многу бегалци,
кој остаана да
го сонуваат сонот
со морската
кралица.
Овде не застанува
животот,
во книгата
пишува,
на оваа улица
нема број.
Пепелта се вее
со ветрот кон небото
и цвета со
морските цветови.
Денови не бројани
години не мерени
во векови не
извекувани
пред портата на
животот
кој останува
тука.
Ноќта ја зима
последната
недогорена
свеќа,
а восокот се
разлева по земјата
по билките на
црно бели цветови.
Животот изграден
во темелите
на ветровите се
огледува во туѓите очи,
овде не застанува
животот,
во книгата
пишува.
Запалено
кандилото,останува
да гори во
чистините на небото.
Ангелите прегрнати
раскажуваат
за вистината на
далечините
и сенките кои
остануваа овде,
во книгата
пишува....
Соња Таировска Ѓурчак
sonja.durcak@gmail.comНаградена песна во Национална и универзитетска библотека „Св.Климент Охридски „ Скопје .2017 Скопје. |
petak, 12. travnja 2019.
ВО КНИГАТА ПИШУВА ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА ЖИВОТОТ
srijeda, 3. travnja 2019.
petak, 22. ožujka 2019.
ПРОЛЕТ МИСЛА ЧИСТА
ПРОЛЕТ
МИСЛА ЧИСТА
Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Капка
роса живот буди,
пролет
стигна,
птица
во небо се дигна.
Гнездо
топло спрема
многу
време,
за
подмладок нема.
Разиграна
река до езеро ита
пролет
песна блика.
Фантазија
чиста,
уметнички
бои реди
по
патеки бели,
пролет
блиста
и
секаде во секоја градина се всели.
Цвет
во цвет и во мојата градина стигна
пролет
чиста ти со радост мирис стигна.
Го
разубави денот,го разбуди цветот
подари
радост подари нова младост.
Вечна
со векови си иста
секој
цвет во тебе блиста
Ти
си возвишена љубов мисла чиста.
Соња
Таировска Ѓурчак
21.03.
2019 Улм
nedjelja, 17. ožujka 2019.
БЛАГОСЛАВЕН БОЖИЌ
Благословен божиќ
Posteingang
| x |
|
Fr., 8. Jan. 2016, 13:04
|
| |||
Почитувани,
драги, пријатели,додека времето поитува,гласот одекнува со
брзинат и светлината на нашиот голем создтел на се видени и не видено но
вечно не води,не сака и љуби зато што сме негова гранка на неговото
стебло,во голема благодарнос,клечам и молам пред него за мир и љубов за
сите во светов.Оваа молитва ја ипраќ за мојоте драги пријатели и за целото
нивно семејство да имаат мир љубов вечна радост и слава со божиот
дух....СРЕЌЕН И БЛАГОСЛОВЕН БОЖИЌ,новото раѓање кое носи мир и
љубов.поздрав во почит и љубов.
ponedjeljak, 4. ožujka 2019.
MK...xxxx
💗💗💗
Верата е вистинскиот пат до сам себеси...
💗💗💗
Лошото далеку се слуша ,убавото уште подалеку...
💗💗💗
nedjelja, 24. veljače 2019.
МК ...ХХХХХ
❤️❤️❤️
Кога сите Ти мачкаат мед по мустаќите,мислиш е чист и природен,кога ќе пробаш знаеш дека е само хемиска состојка.
❤️❤️❤️
Се што е природно се е бесплатно.
❤️❤️❤️
Секоја хемија скапо се плаќа,и остава лошо искуство.
💗💗💗
petak, 22. veljače 2019.
ОСАМЕНО НЕБО
ОСАМЕНО НЕБО
Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Далеку остана,
сонот кој го сонував
во постелата,во
камената куќа.
Далеку се,
излеваат гласовите
на сите
пролетни птици,
далеку се,
ливадите кој ги претрчував
и ме галеше
мирисот на цветовите.
Далеку се,
сите спомени
кој никнуваат
во пролет
пред погледот
на светлината
и се губат во
бурата на еден живот.
Далеку се,
стравовите по темните улици
кој како пред
свеќа чекорат
во стрпливоста
на ноќта.
Дождот ги
мие очите на осамената болка,
а времето ги
бриши солзите
кои се
разлеваат по патот на осаменото небо.
Соња Таировска
Ѓурчак
22.02. 2019 Улм
Pretplati se na:
Postovi (Atom)
