ОСАМЕНО НЕБО
Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Далеку остана,
сонот кој го сонував
во постелата,во
камената куќа.
Далеку се,
излеваат гласовите
на сите
пролетни птици,
далеку се,
ливадите кој ги претрчував
и ме галеше
мирисот на цветовите.
Далеку се,
сите спомени
кој никнуваат
во пролет
пред погледот
на светлината
и се губат во
бурата на еден живот.
Далеку се,
стравовите по темните улици
кој како пред
свеќа чекорат
во стрпливоста
на ноќта.
Дождот ги
мие очите на осамената болка,
а времето ги
бриши солзите
кои се
разлеваат по патот на осаменото небо.
Соња Таировска
Ѓурчак
22.02. 2019 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar