nedjelja, 23. srpnja 2017.

ТАМУ ПОКРАЈ БРЕГОТ бр .9.

ТАМУ ПОКРАЈ БРЕГОТ                                      Во кногата бр.9.

Таму,
покрај брегот на еѕерото,
таму,
уште цвета еден цвет.
Таму,
помеѓу зборовите на песната
таму,
уште тишината зборува со песната.
Таму,
помеѓу вистината на зората
таму,
уште една светлината руди,
таму,
уште една љубов зората ја буди.
Таму,
уште плачат песните
таму,
уште капат солзите на брегот,
таму,
покрај брегот на езерото
таму,
една птица престана да пеее.

Соња Таировска Ѓурчак
23.07. 2017 Улм

subota, 22. srpnja 2017.

ХХХХХ









Тајната на животот е чистата мисла,бисер кој се наоѓа во длабочините на душата.

utorak, 18. srpnja 2017.

АФОРИЗМИ 25.07. 2017


*****

Успехот се гради со труд и работа.

*****

Успешниот човек, не е роден
под среќна звезда,
роден е под звездата на  трудот.

*****

Само една искра ја осветрлува темнината.

*****

 Во пустината да се пронајди патот 
до вистинското зрно песок е 
откривање на сите тајни во животот.

*****

Тајната на животот е чистата мисла,
бисер кој се наоѓа во длабочините на душата. 

  *****Убавиот живот е златниот рудник од каде се цУбавиот вот е златниот рудник од каде се црпи убавината на денот.рпи убавината на денот.

 

бавиот живот е златниот рудник од каде се црпи убавината на денот.

nedjelja, 16. srpnja 2017.

ЧАСОВНИКОТ

ЧАСОВНИКОТ

Часовникот,застана
во времето кога ти замина.
Стрелките се разделија
една го враќа времето,
другата ги пренесува зборовите
кои останаа недоискажани.
Денес е повик за утре,
будноста е сега
за времето кое замина
кое кажува и раскажува
за сето она
што е веќе од векот кажано.
Времето, патува
помеѓу вистините,
заминува и остава глас
кои живее во времето сега.
Календарот на времето ќе ја
избриши ноќта,
сенките ќе ја одминат
росата на пролета
а, времето живее
пред часовникот кои застана.

Соња Таировска Ѓурчак
16.07. 2017 Улм

petak, 14. srpnja 2017.

ЗЕМЈА НА ЉУБОВТА

Од книгата СОЛЗА И ЉУБОВ издание 2013 Скопје
песната

 

 

ЗЕМЈА НА ЉУБОВТА

Со солза љубов полеана
со злато љубов облеана.
Тоа тоа е мојата мила Македонија.2х
2х
Таква земја само една има
само една вистина света
никој нема кантар да ја мери
ниту има да и смени.
Земја моја на љубовта
змја моја на вистината.
Тоа тоа е мојата мила Македонија.2х
2х
Таква земја само една има
само една вистина света
никој нема кантар да ја мери
ниту име да и смени.
 
 
Соња Таировска Ѓурчак
14.07. 2012 Улм
Пее Оливер и Соња

petak, 7. srpnja 2017.

ВРЕМЕТО ЖИВЕЕ

ВРЕМЕТО ЖИВЕЕ
Еден ден,сите звезди на небото
ќе се претворат птици
ќе полетаат во прегратките
на топлината и вистината
на времето кое живее во радост.
Морето ќе испари во прав на цвет
ќе закитат нови пустини
кој ќе цветаат во цветот на љубовта.
Еден ден встината ќе ја украсува секоја
воздишка од душата на почвата ......