ponedjeljak, 25. siječnja 2016.

ДЕНОТ Е ДОЛГ

ДЕНОТ Е ДОЛГ

Растрчани мисли ме понесоа,
низ посевите на денот,
како најдолгиот животен  пат кој се протега од
едната до другата страна на хоризонтот.
Мами минатото, лажи сегашното
животот е свет на измамата
кој се топи пред вистините
како снежната покривка од вчера,
која се стопи, пред отворите
на подземните лавини и замоина.
Денот е дол а сонот е краток,
завесата пред денот ја промени бојата и
стави нова слика.
Ризницата на вистината е подолга од денот.

Соња Таировска Ѓурчак

24. 1. 2016 Улм 

subota, 23. siječnja 2016.

УМОРЕН Е СВЕТОТ

УМОРЕН Е СВЕТОТ

Се слушаат чекори,
кој уморно одекнуваат
по улицата на животот,
од тешки чевли,длабоко потонати мисли,
уморен е светот.
Пред нозите на уморна душа,
која раскажува,
една долга животна приказна,
пред публика која во занос слуша,
гледаќи уморно во излогот на последната
зимска распродаја.
Од аголот на спротивната страна
се слуша песна од една старица,
која веќе одамн на истото место пее.
Не не ја разбирам,ме занесува само
мелодијата кој ме посеќа на детството
кога се пееа нашите песни жетварки.
Уморен е светот,од жетвата по
смрзнатите улици,чекореќи пред сцената
 на својата уморна слика.

Соња Таировска Ѓурчак

23. 1. 2016 Улм 

ДАЛЕЧНИ СОНОВИ

ДАЛЕЧНИ СОНОВИ

Вистини, скриени под перниците
на длабоките, далечни сонови.
Пред многу времиња, остави
трага вистинскиот сон
во земјата на божјата градина.
Сон кој го сони утробата на земјата
каде расти и семето на љубовта,
по полињата каде пасат стадата
се излеват песните на птиците,
гроздобери се преточуваат во вино
во земјата на божјата грдина.
Овде од дамнина, свети кандилото и
ангели пеат за мир и љубов.
Не прегорева, желбата на вистината
шепоти надеж од далечни сонови.
Верува во верата на будниот сон
ги ткаае килимите на радоста
под скриените води на вечен живот.
Сега останаа само бројани денови
до првите цветови кој ке цветаат
од семето на љубовта
во земјата на божјата градина...
вистини, скриени од далечни сонови.

Соња Таировска Ѓурчак

23. 1. 2016 Улм 

četvrtak, 21. siječnja 2016.

СЕ ТРКАЛА СОЛЗА

СЕ ТРКАЛА СОЛЗА

Вечерва, додека звездите
ги покриваат своите очи,
го покриваат лицето,
а месечината ја крие тајната на денот,
што замина некаде далеку,
во очите на звездите,
под лицето на месечината,
уморно се тркала солза,
љубов по твојата душа.

Соња Таировска Ѓурчак

21. 1. 2016 Улм 

srijeda, 20. siječnja 2016.

ZIVOT PISE

ZIVOT PISE

Zivot pise,dan knjiga cita,
a budno gleda put
putovanje u jutro toplo i tiho
u nepoznaotm svetu.
Put snova,umornih ociju
pogledom procitane misle
put kapljice suza,
ispisuje vremrena tuge.
U ovom zivotu zaborava nema,
knjiga vuce sa sobom jato ptica
na ostrovu slobde,na ostrovu ljubavi
kde zaborava, zaborava nema.

Sonja Tairovska Durcak

20.1. 2016 Ulm  

ЖИВОТОТ ПИШУВА


ЖИВОТОТ ПИШУВА

Животот пишува, денот книгата ја чита
а будно го гледа патот
патувањето во утрото топло и тивко
во непознатиот свет.
Сонувани патеки,уморни очи
со поглед прочитани мисли
пат во капки солзи,
го запишуваат времето на тагата.
Овој живот да се заборави немa
книгата влечи по себе јато птици
на островот слобода,на островот љубов
каде заборавање, заборавање нема.

Соња Таировска Ѓурчак

20. 1. 2016 Улм 

subota, 16. siječnja 2016.

МОЛИТВА НОВА МОЛИ

МОЛИТВА НОВА МОЛИ

Крст вера,
стожар на животот вечин,
како вода молитва течи
молитва нова моли.
Крст вера,
збор кој има живот вечен
молитва како извор течи
молитва нова моли.
Крст вера,
живот во пченично зрно вечно
а поле богато род роди,
молитва нова моли.
Крст вера,
гумно и амбари полни вечно
топла погача бела носи
молитва нова моли....

Соња Таировска Ѓурчак
16. 1. 2016 Улм