ПО ДОЛЖИНАТА НА ВРЕМЕТО
И ВКУСОТ НА ЈАЗИКОТ
По должината на времето
собрав трошки светлина,
и неколку недоизречени зборови.
На јазикот ми остана вкусот
од солта на солзите,
од слаткоста на првата љубов,
и горчината во молкот на туѓината.
И сè што сум Јас
е една тивка мешавина
на она што поминало
и она што уште зрее во мене.
Соња Таировска Ѓурчак
05.09.2025 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar