četvrtak, 4. rujna 2025.

СЕ ПРОМЕНИ СВЕТОТ

 

 

СЕ ПРОМЕНИ СВЕТОТ

Светот се врти,
како воденичкиот камен

на старата воденица,
и како секое зрно време
ја менува  тежината на брашното
во нашите дланки.

Некогаш пишувавме писма
со мастило молив и чекање,
денес зборовите патуваат
со светлината на физиката.

А срцето остана исто да чука.

Олујни  ветрови
ги носат вестите побрзо од дожд,
океаните преливаат
шумите горат,
а во светот се зидаат
ѕидови меѓу луѓето.

Забрзано се менува светот.

Соња Таировска Ѓурчак 

04.09 2025 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar