srijeda, 5. veljače 2025.

ПОРАКА ДО СИТЕ ЈАЗИЦИ кн 11

 

ПОРАКА ДО СИТЕ ЈАЗИЦИ.

 

Во далечината, на сите јазици

ја пишувам пораката на денот.

Молчи, плачи и моли за вистината

на еден буден рачен часовник.

Молчи пред сликата на денот.

И пред мудроста на стариот мајстор,

кој неуморно работи на времето.

Тишината ја буди силниот лут ветар,

ги крши кранките од стариот даб,

лисјата ги одвеаа на сите страни во светот.

Сакам да го смирам, да го смирам ветрот!

Да ги чувам гранките на сатиот даб,

а одвеаните лисјата да ги вратам

и да ги соберам во мајчиното скутале.

Го будам молкот и ја праќам пораката

до сите јазици во светот.

„Името мајчино и јазикот

да останат засекогаш  запишан

во тефтерот на Татковината„.

 

Соња Таировска Ѓурчак

05.02.2025  Улм

Nema komentara:

Objavi komentar