БУРАТА НА МОРЕТО
Ме понесе,
ме понесе, бурата на морето.
Морето е немирно,
брановите силни
силно, маваат и бол
оставаат.
Се борам со бурата
а времето ме учи на
стрпливот.
Бурата танцува околу
мена
ја слушам тишината и
учам
учам, од бурата на
времето.
Времето неможам да го
вретам
Ни бурата да ја
смирам.
Соња Таировска Ѓурчак
02.02.2025 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar