srijeda, 4. siječnja 2023.

ЗБОРОТ Е ЖИВ книга бр 11

 

ЗБОРОТ Е ЖИВ

Нека биди оваа песна семе

кое се сее во времето денес.

Ако некоја семка падне

во бурата на големата река ,ке ја понеси.

Некоја семка ке ја нахрани

некоја изгубена птица.

Некоја семка ке се изгуби измеѓу каменоломот,

а некоја семка, ќе падни на плодната земја

да  размножи нов род.

Песната има душа,

песната има очи,

во песната љубов има

зборот во песната е жив.

Во песната бисер се крие,

од зборот бисер се раѓа

во песната и зборот дух свети има.

Зборот не е далеку,

човечкиот дух е одалечен од зборот.

Оваа песна некој ќе ја прочита

некој ќе ја прескокни со потсмевка

Некој ќе се скрије зад оваа песна.

Од зборот живот се роди

а зборот е жив.

 

Соња Таировска Ѓурчак

04. 01. 2023 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar