utorak, 31. kolovoza 2021.

ПРВИОТ БЕБЕШКИ ПЛАЧ за книга бр. 10

 

ПРВИОТ БЕБЕШКИ ПЛАЧ

Од првиот бебешки плач

до последниот збор и атем

времето пишува.

Пишува историја која останува

да свети во грст светилки.

Еден патник,

патуваќи  низ времето

го сретна плачот а

зборот не го разбра.

Низ прокопаната калдрма

се губат зборовите.

Есенскиот ветер ги собира

последните паднати жолти лисје

во џеповите и тишината

на едно парче земја,

заминуваќи во вечниот сон.

Соња Таировска Ѓурчак

31.08.2021 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar