Во книгата бр;9
МЛАДОСТА ОСТАНУВА
Живеам во времето кое е живо,
животот кои е сега во времето
и животот кој е вечност во песната,
но сепат толку краток.
Тишината молчи,
пред времето кое се топи,
во просторот на топлата мисла.
Детските гласови одекнуваат
пред ветрот на животот,
а Јас чекорам ,
и се огледувам во огледалото на твоите очи
во денот,
а ноќта останува таму.
Плачи животот кој минува
и се топи како свеќа
пред гробницата на еден живот.
Младоста останува
сите птици ја пеат песната безсмртница,
која ја слушам секојдневно
содржината и одговорот
на овој животот е вечен,
само младоста во животот останува.
Соња Таировска Ѓурчак
08.02. 2021 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar