nedjelja, 29. studenoga 2020.

ЗИМСКИОТ ДЕН

ЗИМСКИОТ ДЕН


Се будам во зимскиот ден,

во него распослала зимата

излегува од душата на зимскиот пејсаж,

и се протега во денот на животот.

Височините на двата брега

покриени во снежна покривка,

од потокот се слуша жубор

распеан, брза до морето

да ги пренесе капките исцедени

од снежната покривка која се слева

во браовите од топлината на потокот.

Бегалците чекаат ,пред портата на денот

рацете им се тресат од студ,

устата покриена со маска, молчи,

по снежната покривка оставаа трага.

Уморни се од приказните

а ја бараат духовната вистината

во пространството на целата земја.

Ги променија имињата,

се откажаа од верата која им ја наметнаа

во државата каде веќе непостоја.

Во тишината под небото

го најдоја изгубениот мир

и веруваат во чудото од кое се раѓа

и во зимскиот ден радост и мир.


Соња Таиривска Ѓурчак

25. 11. 2020 Улм

 

Nema komentara:

Objavi komentar