utorak, 7. srpnja 2020.

АНЃЕЛИТЕ СЕ БУДНИ

АНЃЕЛИТЕ СЕ БУДНИ    Велес 22

Будни се анѓелите,                                             Во книгата бр:9
и будно го чуваат сонот и
водата која не се собира,
а разлеана остана да бранува
во брановите на еден живот.
Сјајните звезди се огледуваат
во бистра чиста езерска вода
вода на животот.
Будни се анѓелите
и будно ја чуваат душата
која замина со песната
и сонот кој остана недосонуван.
Пејте анѓели чувари,
пејте ја песната
во полноќ кога се разминува
ноќта со денот,
пејте ја песната
за сонот кој будно остана
да го чува животот буден.

Соња Таировска Ѓурчак
05.06. 2020 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar