četvrtak, 16. srpnja 2020.

РАЗГОВОР СО КОРОНА

РАЗГОВОР СО КОРОНА

Бев многу мала кога го посматрав светот со моите детски очи,во моето мало село Извор каде што живеев.
Се соединуваше небото и земјата.
Тука опкружена од таа убавина тоа беше замене светот,а јас го гледав и растев во тој светот.
И денес каде се соединува небото и земјата тука е целиот свет.
Драга Короно,сакам да имаш престава од мене и од моето детсвото кога растев, и ја слушав тревата како расти, во тишината, цветовите милни насмевки праќаа, птиците пееа,ластивиците гнезда градеа а сонцето сончеви здраци праќаш тоа беше мојот свет.
Денес не сум во тоа мало убаво село,во таа преубава и богата земја,Македонија ја напуштив многу одамна,ако ме прашаш зошто,не ми можела да ти одговорам на тоа прашање, и денес незнам зошто.
Не оставив долг во мојата зема ја понесов со мене ,во мене во мојата душа.
Драга Короно мојата душа е голема, многу голема распослана измеѓу небото и земјата.
Родителите ме советуваа на еден светол живот кој се стекнува само со добри дела.
Светот го запознав од две страни,од убавата а и од неубавата, да, и многу убави работи забораваме многу брзо.
А тебе Короно те знам саmo од медиумите.
Незнам од каде доаѓаш,незнам и каде живееш ни кој се твојте намери со самото доаѓање овде меѓу нас, по раскажувања си само вирус јас те замислувам во една космичка машина и со голема брзина го заобиколуваш светов,и сееш страв.
Јас цврсто верувам дека не си опасна,затоа што ти ги немаш сите инфорнации добиени пред да дојдиш тука.
Ти не го познаваш човечкиот род, ти мислиш да направиш измена во овој народ,нема, народот е тој кој уште не се познава сам себеси,и води маратонски живот тука на оваа планета богата каде диши природата.
Уште слободно шеташ,минуваш градови села затебе не постојат граници ти нетребаш виза,а јас драга Короно несмееам да си одтида во моет родно село во мојата убава и богата Македонија и сега гледај која предност ја имаш пред сите нас,тебе те пречекуваат трчаат пред тебе зат тебе а јас драга Короно несмеам без дозвола да си одам дома.
Драга Короно не посетуи во едно време каде владее немир и без твојата посета,а ти сега не ни остави ни време ни простор да размислуваме за подобро утре.
Имаме голема дистац од тебе со големо вниманије ја следиме твојата посета,те избегаваме со почит и со голем страв.
Твоето име го запамтија и децата во децките градинки,во школите, драга Короно верувам дека целиот свет знае како се викаш.
Големи светски научници останаа незапамтени кој богати дела оставија на оваа планета,како што е и нашиот голем човек Никола Тесла,ти си драга Короно испред сите творци.
Короно каква лекција донесе,дали сме спремни таа лекција да ја учиме,дали нашата душа ,можи да го мириса мирисот на розите кој живот нудат,дали го гледаме овој свет таков каков е или ни требаат некои нови очни мебрани за појачувајње на видот или драгаКороно ни трема вакцина за нов ум,што теба да промениме??? Мило ми е што ја имам оваа можност така отворено да разговарам со тебе,Ти благодарам на посетата и Ти посакувам добар и лесен повраток од каде што дојде,и за крај многу милно те молам кога ке се вратиш дома во твојот роден крај,отвори го новиот извор на радост мир и слобода и испратини ,тоа е што овде ни е потребно.

Соња Таировска Ѓурчак
16.07.2020.Улм Германија.


 





Nema komentara:

Objavi komentar