ПЛОДНАТА ЗЕМЈА Велес 22 и Во книгата бр:9
Додека трага
темнината
пред празноверијата,
шепоти духот на
плодната земја.
Свеќата се топи
пред олтарот а
солзата паѓа
пред плугот
кој дладоко ги
ора корените...
Не уморно ора
по темелите
по врвовите на
планините
по водите на
езерата.
Плачат
изворите,реките,
плач се слуша
од поточињата
и кладенците,
а темнината ја
разорува плодната земја.
Темелите се
залулаа како колевка
а времето бега
пред очите на светот.
Ветровите ги
читаат затворените писма
стравот се шири
пред полетот на едрилиците.
Пред ново
иззиданите зидови
се клечи и
моли,пред љубовта
која во плач
гледа во лицето на земјата.
Секоја нова
зора,трага по светлината
завиваќи пред
гробиштата
и пред селките
лаки.
Глувите не го
слушаат звоното,
звоната звонат,пред
свеќата на денот
а денот во плач
поново се раѓа
во плодната
земја.
Соња Таировска
Ѓурчак
01.04. 2020 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar