srijeda, 31. svibnja 2017.

АВТОБУСОТ ЗАМИНА

АВТОБУСОТ ЗАМИНА


Сонувам,а сонот е вистина,
далечен е домот што го сонувам
далечен е, а сонувам.
Ја сонувам куќата созидана од камен
камен, кој се тркалаше по ридот.
Мислам но невидов
како се мери тежината на каменот
кој испука во поројот,
а денот го запиша времето.
Сонот остана,
камената куќа постана сон,
сон кој патува,
до аголот на автобуската постојка.
Автобусот замина ме дели времето
кое го делам со часовникот.
Една солза се тркала по лицето
на денот, а,автобусот замина.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 05. 2017 Улм

subota, 27. svibnja 2017.

АФОРИЗМИ

- Доброто носи секогаш добро....


*****


Убавината на животот е убавиот ум,
клуч кој ја отклучува уавината на животот.


*****

Одговор на секое прашање 
се наоѓа во молитвата на животот 


*****

Светлината е извор од каде извира животот 
земјата се радува и цветовите цветаат 


*****




Животот е слобода,
а, цврсто поврзан
со одговорноста на животот.


 *****


Времето патува и одминува
а денот носи ново време.


*****

Верата е живот која води и дава сила.

četvrtak, 25. svibnja 2017.

ДОМОТ НА ЉУБОВТА

ДОМОТ НА ЉУБОВТА

Домот на љубовта,
е, мојата душа,
свеќа која непрестано гори,
пламен кој и со тишината збори.
Домот на љубовта,
е светлината, која вечно гори,
неуморно плови,
во мирните води.
И кога водата се мати,
и кога,
некој,
некаде за љубов пати,
животот пак убавини ќе врати.
Со морско бранување од песок,
со љубов во сјај и блесок.
Кога надеж се губи,
во овој чуден свет
во домот на љубовта,
и, во мојата душа
пак цвета,
најубавиот цвет,
за целиот свет.
Домот на љубовта,
е, во мојата душа!

Соња Таировска Ѓурчак
25. 05. 2017 Улм





četvrtak, 18. svibnja 2017.

ГЛАС ОД ЗЕМЈАТА МОЈА


ГЛАС ОД ЗЕМЈАТА МОЈА

Врисок, од земјата моја,
брат од брата сршта ја глода,
секој сака парче земја да дели
колку има невери и беди.
Од векови корени во себе влечи,
рани болни, уште лечи.
Младост во тебе кука,
душа во гради полни љубов пука.
Во тебе светлината се раѓа
денот во радост, на гради паѓа.
Со молитва иднина градиш,
и со љубов се садиш.
Глас од земјата моја се реди
од векови цели,
сака секој да те дели,
за мртвите почит нема,
од живите семето се зема.
Во вистина гледаш
како денови од дрво лисја капат
а светот, сака гора да мени,
буква и книга да смени.
Едно утро, радост ќе те буди
и светот љубов ќе ти нуди,
пред вистина твоја ќе стои
за опроштај ќе моли.
Молитвата твоја лек ќе биди
тогаш светот во вистината
вистината ќе ја види.
Биди сега, уште стрплива и горда
ти си љубов света полна,
земја родена во рајот
затебе не постои крајот.
Вераата твоја е многу силна
и душата твоја милна.
А,што ли уште треба ?

Соња Таировска Ѓурчак
15. 05. 2017 Улм

subota, 6. svibnja 2017.

ВО ДОМОТ НА ЕДНА ПТИЦА

ВО ДОМОТ НА ЕДНА ПТИЦА

Чиниш животот си игра,
па дава тага и болка,
солза и радост.
Прекривки разни, убави во бои
животот носи во сечии очи.
Ставил одмор, и малку почин
во ноќта тиха и сон во сите очи.
Во сонот пламен гори,
сонот во перница згасна,
остави за денот слика јасна.
Денот растура убавина и тајна,
цветови во градина сјајна.
Ги собра сите сонови во дланка
ги стави на зелена гранка.
Во домот на една птица ,
птица која во облаци сама лета.
Животот е вистина света,
а чиниш е сон кои лета.


Соња Таировска Ѓурчак
06. 05. 2017 Улм

ponedjeljak, 1. svibnja 2017.

ВО ЛИВАДАТА ОСТАНА ТИШИНАТА

ВО ЛИВАДАТА ОСТАНА ТИШИНАТА


Ме буди светлината,
што ја испраќа мајками
од небото, која тагува
по сите изгубени птици
во летот на пролета.
Ме буди закопаното златото,
од дедовците што го закопаа
под горноцата во ридот,
војните го изминаа
а во ливадата остана тишината.
Ме буди и радоста
која чека на преминот
на границата,а во темнината
некој ги гаси звездите.
Будно го гледам сонот
на славата која го вее знамето
на победата, пред плоштадот
каде вистината е будна.

Соња Таировска Ѓурчак
01. 05. 2017 Улм