subota, 18. ožujka 2017.

КАНДИЛОТО ЗАПАЛЕНО МОЛИ

КАНДИЛОТО ЗАПАЛЕНО МОЛИ

Ветрот ги милува,
разсеаните букви
по земјата која молчи
пред вистната на животот.
Животот застана, а зидниот
часовникот гледа во времето.
На крајот на селото,
кучињата се посилно лаат,
се плашат од времето
кое застана,
пред границата на народот.
Детските играчки
ја нарушуваат тишината
која одекнува како камбаните
кога најавуваат неврем.
Во плевната се крие под сеното
стравот од денес,
се буди утрото пред денот
кој се засолнува под сенката
на иконата света Петка.
Кандилото запалено моли
пред денот и во земјата
која молитвата е гласна,
за вистината и љубовта чиста.

Соња Таировска Ѓурчак
18. 03. 2017 улм


Nema komentara:

Objavi komentar