subota, 25. ožujka 2017.

ИМЕТО И Е ЉУБОВ

ИМЕТО И Е  ЉУБОВ

Се роди под златното сонце
кое се вика ЉУБОВ.
Живее во живиот живот
кој се вика ЉУБОВ.
Истотијата е запишана во вистината
која се вика ЉУБОВ.
Од храмот излегува светлината
која се вика ЉУБОВ.
Јазикот на кој зборува и пишува
се вика ЉУБОВ.
Темелите се изградени со каменот
кој се вика ЉУБОВ.
Семето посеано во градината
се вика ЉУБОВ.
Мостот кој се гради денес
се вика ЉУБОВ.
Небото и земјата се составуваат
на Кожув тоа место
се вика ЉУБОВ.
Љубов со љубов само се мери,
и со ништо неможи да се смени.

Соња Таировска Ѓурчак
25. 03. 2017 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar