nedjelja, 26. veljače 2017.
ЕДЕН ЗБОР МЕ БУДИ
ЕДНА ЗБОР МЕ
БУДИ
Стани глас ме
буди,
стани времето
суди.
Јабоко не сум
по парче да ме сечат
моите вени полни
крв течат,
од болка и навреда
тешка ечат.
Кој е тој што
сака да ме дели?
Сака да ме сели?
Каде?
Јато птици од
топло гнездо
со крила туѓи
одлетаа по дрвата
суви.
Зошто?
Љубов нема,
извори чисти,
води бистри
животот е време,
кое овде се раѓа.
Една мисла од
векови ме води
една љубов со
векови оди
по патот на
животот кој живот раѓа.
Едно семе кое
се сее,
еден плод кои
се раѓа
една убава мисла
која лета
тука е мојата
вистина света.
Дабово дрво
уште тука расти
го чува домот
мое свети,
со благослов од
бога и
мисла убава и
мила
ти си убавино
полна сила.
Енен зборот ме
буди,
благослов да
пратам,
со мир и
љубов,вечена да биди
те сакам родино
мила...
..Кога земјата
и небото се спојуваат со светлината на
љубовта се прегрнуваат и паѓаат во
прегратка чиста на прочка ....зошто се
копнее по оно што е туѓо,по она што господ
го подарил,некој сака да го
присвојува,богаството не е во
поседите,богаството е во полната душа
кој диши и полна е со љубов,имајте
радост,имајте полна душа љубов само со
чиста љубов се постигнуваат сите природни
убавини кој водат во вечноста на
убавините......
Соња Таировска
Ѓурчак
26. 02. 2017 Улм
nedjelja, 19. veljače 2017.
ЗБОРОТ ОСТАНУВА
ЗБОРОТ ОСТАНУВА
Како машина за
шиење
ја шие перницата
на сонот,
а, сонот,постана
само филм
на еден режисер,
кој ги собира сликите
кој летат како
пердуви по патеката
која калдрма
нема.
Сонот зборува
а денот молчи
плачеќи по она
што заминало
во времето на
сеќавање во еден миг.
Зборот останува
наслество,
во градината,
цветаат цветови
кој оставаат
лузни на рани и радост.
Зборот,камен
гради дом,
зборот е дом,
топлината на времето
која патува во
светот,кој кружи,
како децка
приказна.
Тишината на
времето ја ослободува
верата од стравот,
која расте и цвета
како црвени
лалина, по полето
под планините
на радоста.
Зборот се цеди
на платното
белено по долините
на изворите
останува запишан
на лицето на земјата.
Ова тло е дел од
времето
кое патува а
сепак останува тука.
Соња Таировска
Ѓурчак
19. 02. 2017 Улм
АФОРИЅМИ
*****
Додека изгрева утрото,сенките изчезнуваат,светлината се раѓа......
*****
Семето посеано од блага пиперка или лута змјата им дава иста можност на растење,истиот процес е кај народните желби,замислената желба е секоја остварлива,дали е добра или е лоша природата ја присвојува како вистинска и и дава можност на остварување,.....
*****
Зборот излегува од длабочините на убавините,кој се раѓа со утрото, зборот на денот го изговара јасно и гласно зборот ,,денот е љубов ,,.....
*****
Чекори по мостот,кој ја поврзува среќата ,со твоите желби.
*****
Раната ќе зарасни,а болката останува за секогаш.....
Додека изгрева утрото,сенките изчезнуваат,светлината се раѓа......
*****
Семето посеано од блага пиперка или лута змјата им дава иста можност на растење,истиот процес е кај народните желби,замислената желба е секоја остварлива,дали е добра или е лоша природата ја присвојува како вистинска и и дава можност на остварување,.....
*****
Зборот излегува од длабочините на убавините,кој се раѓа со утрото, зборот на денот го изговара јасно и гласно зборот ,,денот е љубов ,,.....
*****
Чекори по мостот,кој ја поврзува среќата ,со твоите желби.
*****
Раната ќе зарасни,а болката останува за секогаш.....
petak, 17. veljače 2017.
nedjelja, 12. veljače 2017.
КНИГАТА НА ДЕНОТ
КНИГАТА НА ДЕНОТ
Се буди во мугрите
рани
од постела мека,
низ времиња од
века,
и пишува за денот
нов.
Со километри
денот е долг,
седум бои виножито
брои.
Со молитва,мотика
и молив
пишува страница
нова,
тука за мене,тука
со мене.
Книгата ја пишува
светлината на денот,
а, темнината
бега,
под светлината
на моливот сега.
Празна страница
нема.
Книгата е полна,
како кошничката
на ЦРВЕНКАПА полна
за нејзината
Баба болна.
Книгата на денот
е полна
во прозирна
мрежа,
но сепак уште
бара,
збор нов кој се
губи и се враќа
кој те мами и те
моли
на страница бела
сака да живее сега.
Секогаш сака
слободно да кажи
зборот жедно
мислата ја пие и кога спие.
Книгата постои,
а денот пишува
и кога зборови нема.
Скриена во
длабочините на поетот,
во песната на
денот,во нотите на текстот,
чекори во животот
на поезијата.
Книгата на денот
пишува,
по белите страници
на денот.
Соња Таировска
Ѓурчак
12. 02. 2017 Улм
srijeda, 1. veljače 2017.
НЕ МЕ ОСУДУВАЈ ВРЕМЕ
НЕ МЕ ОСУДУВАЈ
ВРЕМЕ
Таму далеку ангели пеат,
а соност заспива
на рамена туѓи.
Гнезда празни,
во домот свети
а животот нешто
вети......
Како дива зверка
разбегана
звезди бројаници
на небо брои,
тага во душа
мајчина уште стои.
Копнеж, кој сакам
да го допрам,
се губи пред
ветрот кои дува
на осамена
мермерна плоча сува.
Зборови богати
и сјајни со солзи,
по должината на
времето,
напуштени,
и изгубени под
небото сино.
Не ме осудувај
време,
разберија милоста
слушни го плачот,
измерија
вистината,
од јазикот, купен
со туѓи пари.
Соња Таировска
Ѓурчак
01. 02. 2017 Улм
Pretplati se na:
Postovi (Atom)