četvrtak, 21. travnja 2016.
utorak, 19. travnja 2016.
ДЕНОТ МОЛЧИ
ДЕНОТ МОЛЧИ
Како сенка замина
во постелата на
вечната љубов.
Остана само празнина
измеѓу звездит
кои светат како
свеќа,
а ја чуваат
тајната исплетена
во цветовите на
езерските бранови.
Денот молчи,
во прегратките на
тишината.
Соња Таировска
Ѓурчак
19. 04. 2016 Улм
ponedjeljak, 18. travnja 2016.
nedjelja, 17. travnja 2016.
srijeda, 13. travnja 2016.
ПАТОТ Е ПРАЗЕН
ПАТОТ Е ПРАЗЕН
Барам низ замаглени очи сјај да видам,
длабоко се всадиле во Европа,
раширени платна,како за белење.
Насмевка нигде нема,
и времето се стурило во плач,
а капутот се треси како
последниот лист на дабот и
посига по сончевите здраци.
Се кити радоста,за новото раѓање.
Снежница и виулица се спуштила
срцата се смрзнале пред прагот од болницата
се слушаат чекори кој чекорат
по поатот на празникот,а патот е празен.
Соња Таировска Ѓурчак
1. 12. 2015 Улм
СВЕТИЛКА НА ДЕНОТ
Пред прагот на денот
стои запалена светилка.
Светилка која го осветлува
целиот просто,
измеѓу небото и земјата,
низ тишината на времето.
Се раѓа светилка која се поновува
низ календарот,светилка на денот.
Се крие измеѓу деноноќното ветување
на немирот од темнината и светлината.
Црта нови слики по смрзнатите прозори
а се лепат по вените на пеперутките,
кој патуваат со светилката на денот.
Тежат камењата на сопствениот сон
лебдат капките пред прагот на денот.
Само се пофторува празникот на денот,
а ја крие вистината закачена
по старите греди во плевната.
Соња Таировска Ѓурчак
23. 12. 2015 Улм
ПРЕД ТУЃА ПОРТА
Гледам прегратка во прегратка
како свеќа се топи.
Слушм плач на гроб...
Пред туѓа порта,
сон кој спие по должина на стебло
даб кој лисја нема, а
корени долги веќе пушти.
Солза се тркала по сокаци туѓи
дождот ја носи во река матна,
далеку на брегот ќе застани негде
нов ден ќе ја пробуди тогаш...
Соња Таировска Ѓурчак
19. 12. 2015 Улм
ponedjeljak, 11. travnja 2016.
СВЕТНА ДЕНОТ
СВЕТНА ДЕНОТ
Часовникот,
чекори и ги
исполнува сите пукнатинки
на времето,
кое остави траги од
смртни казни.
Каде поминаа,
лути ветрови,
оставија пустош.
Ја излупија
кожата на земјата.
Тишината, гласно збори
сонот се буди
светна денот.
Болка,
која трае ја
милува тишината,
го допира сонот ,
будно ја гледа
вистината
и зборува со
тишината.
Раскажува за
времето
за светлината на
денот.
Со боси нози потрча
во прегратките на минатото,
и се искачи на
високата планина,
полната месечина
која лебди низ
светлината и просторот на сите војни.
Престанаа во овој
час сите војни,
светна денот,
светлината
испрати љубов.
Соња Таировска
Ѓурчак
10. 4. 2016 Улм
nedjelja, 10. travnja 2016.
ЕДНА СТАРИЦА
ЕДНА СТАРИЦА
Минува по лицето
на земјата
по улиците на очите,
милува сеќавања,
дарува надеж,
ги бриши капките
од плач,
прегратки од
дожд,
по улиците
потекоја солзи ,
на земјата
прегратките останаа празни,
една старица ја
мина земјата,
а шамијата ја
остави полна љубов.
Соња Таировска
Ѓурчак
10.4. 2016 Улм
АФИРИЗМИ
*****
Мајчината љубов е
мост,на кои минат децата во вистината на живот.
*****
Љубовта е
празникот кој се слави 365 дена во годината.
*****
Животот постои од
многу мали нешта,
а врзан за
големата радост и среќа.
*****
И без зборови во
чудесен молк,
денот ја
раскажува бескрајната убавината во него.
*****
Големата
пустина,и сувата земја
Се радува на
семето кое пушта никулци
Расцветаа првите
пролетни црвени цветови.
*****
*****
Животот е долг, поглед без крај,мисла вечна,
животот е краток,заминува како и да не постоел,
остава само стапки од спомени......
Соња Таировска Ѓурчак
14. 4. 2016 Улм
subota, 9. travnja 2016.
srijeda, 6. travnja 2016.
ПРЕД ПРАГОТ
ПРЕД ПРАГОТ
Низ осаменоста се
слуша песна
која го милува
последниот сон
пред прагот на
вечниот дом.
Болка длабоко се
крир,
во прегратките на
тишината
а одговорот е
далеку, далеку до
вистината на
вечниот дом.
Погледот се крие низ
сенките на тишината
мислите, ги
собираат зборовите
распослани по
површината на езерото.
Обалата ја
раскажува приказната на вистината
која одпатува во
вечниот дом.
Тајната од
животот,и одговорот на животот
лежад во длабочините
на езерото
наречено живот.
Соња Таировкска Ѓурчак
6. 4. 2016 Улм
nedjelja, 3. travnja 2016.
ДЕНОТ СЕ БУДИ
ДЕНОТ СЕ БУДИ
Се буди денот,
и патува како непознат
патник
низ животот
и патува
низ животот
свртен на патот,
кон изгревот на
сонцето.
Молитвата на
денот носи глас,
што од длабочина
иди,
а се губи во
погледот
пред очите на денот.
пред очите на денот.
Ја пишува песната
која ја пее денот,
и пак се губи во
ноќта во сонот што спие.
Буден е денот,
на исток пред младиот месец,
на исток пред младиот месец,
а жедни очи
ископаја бунар,
и слепи чекори по сенката што ита.
Скитаат мисли по
сокаци туѓи.
Звонат звона а
денот уште скита.
Денот го помилува лицето и замина,
во прегратките на далечните сонови.
во прегратките на далечните сонови.
Соња Таировска
Ѓурчак
3. 4. 2016 Улм
Pretplati se na:
Postovi (Atom)