ponedjeljak, 29. veljače 2016.

ВОДАТА ЌЕ ИЗЛАДИ

ВОДАТА ЌЕ ИЗЛАДИ

Водата ќе излади,а можи и поново да се стопли.
Зборот,муабетот, дружбата  кога ке излади,
тоа ништо не го загрева,
чувај ја топлината на топлиот збор.

*****


Патот беше долг, а денот краток ....

*****

Една чашка е здравје,две чашки лек,
Трета леле глава боли.


Соња Таировска Ѓурчак


29.2. 2016 Улм 

nedjelja, 28. veljače 2016.

ВО ДЕНОТ

ВО ДЕНОТ

Сонот го напушти домот
и замина во звезденото небо.
Се роди сонце златно,
потекоа извори бистри
разиграа срца чисти.
Куќи стари, во рушевини тежат,
само паежини и спомени по нив весат.
Кучето тажно,
се враќа во празниот двор,
растрчано низ селото бара господар нов.
Се разлеа мирис на пролетен цвет,
песна на птици во убавиот ден.
Утрото е пак исто,
стомни вода полни, раскажуваат и се
потпираат на зборови други.
Во денот,
потрча децка радост во нова игра.

Соња Таировска Ѓурчак

28. 2. 2016 Улм 

ponedjeljak, 22. veljače 2016.

ЗЛАТНАТА КУТИЈА

ЗЛАТНАТА КУТИЈА

Некаде далеку во приказните
те сретнав,
во вистините те понесов.
Ги распростирам сликите
една по една,слика по слика.
Влагата  го  нагриза сјајот,
на душата во златната кутија,
губеќи ја надежта,
тонеќи  во селските буњишта.
Владее мир во твојот напуштен дом
Тишината се шири низ камената куќа
само воздухот се протега
измеѓу земјата и небото.
А клучот е пред прагот на срцето.
Еден ден ке ја отклучат златната кутија
изморените верници  ке ги читаат сликите
од скриеното животно богаство
од тајната во златната кутија.
Тогаш почтокот и крајот ќе бидат иста игра.

Соња Таировска Ѓурчак

21.2. 2016 Улм 

nedjelja, 21. veljače 2016.

АФОРИЗМИ

АФОРИЗМИ


На небото,
пред портата на тајните.
Извира и изворот на вистината
пред земјата.

***

Кога си едно со природата и вистината ништо не е тешко,....

***

Погледи мали и драги,сложни и љубов полни.......

***

 Топлина и светлина богаство на љубов ..

***

Мислата тони во тишината на вистината .....

***

 Љубовта секогаш свети!!!

***

 Ако некој плачи,плачи со него,за нешто тагува,ако некој се радува,радувајсе со него,за нешто се радува.

***

Куќа живот полна....

***

И оваа душа сака глас да прати......

***
Патот до вистината е краток,само времето е долго.

***

Соња Таировска Ѓурчак

21. 2. 2016 Улм 

ponedjeljak, 15. veljače 2016.

ЖИВОТОТ Е ГОЛЕМ



ЖИВОТОТ Е ГОЛЕМ

Животот е голем,
животот е долг,
животот е длабок.
Лента запишана
од паталецот со вистината на животот.
Височината е висока,
должината е долга
длабочината е длабока.
А вистината лебди неоплодена,
во утринскиот весник.
Животот е голем
во животот на просторот.
Животот е долг по должината на патот
кој се издолжува со зборот.
Животот е длабок во длабочините
на светлината во светлината
на паталецот кој ја запиша вистината.
Победник над светлината и вистината нема.
Животот е голем....животот е краток....
Соња Таировска Ѓурчак
14. 2. 2016 Улм

srijeda, 10. veljače 2016.

PRED PRAGOT


ПРЕД ПРАГОТ


Еден збор, неуморно  плива
во тежината на душата
како една капка  море,
плива во водите на животот.
Ги отвора вратите на морето
под скриените води.
Пред прагот, светат копчињата
на потопените рибари
кој станаа почеток и крај,
на новите морски игри.
Кутијата со спомени ја понесоа
во длабочините на далечините.
Изгревот на сонцето ја виде вистината,
а месечарите, ја раскажуваат приказната
на заталканите спомени, за
писмото кое останаа не допишано,
и плива по површината на морето. 
Тежината остана точна  адреса.

Соња Таировска Ѓурчак

9. 2. 2016 Улм 

nedjelja, 7. veljače 2016.

ТИШИНАТА СЕ СЛУША



ТИШИНАТА СЕ СЛУША

Тишината се слуша,
и таму далеку,
и уште подалеку
тишината се слуша.
Во земјата, на убавините
во земјата, на вљубените
во земјата,на распеаните птиците и
во земјата, на долгата историја.
И таму, каде и звездите патуваат
по патеката на раздиплената радост,
по посевите на среќата
каде  тишината зборува
а животот слуша и пишува.

Соња Таировска Ѓурчак

7. 2. 2016 Улм