ponedjeljak, 30. studenoga 2015.

ЗБОР

ЗБОР

Диплам спомени,
расеани низ просторот,
закрилени во домот на небото.
Збор кои оди кон
брановите на мирните води.
Стапицата,гладно мами
и бара заталкано јагне.
Денот лета,
и пустош ноќта остава страв.
Зарем темнината е тоа.
Збор што го буни.

Соња Таировска Ѓурчак 
1. 12. 2015 Улм 

petak, 27. studenoga 2015.

ХХХ 119

Каде бисерите поцрнеа
овците не пасат трева.

*****

Во празните ореви
нема више јатки.

*****

Лушпите од протокалите
не се лепат со пари.

*****

Со пари не се купуваат
ни продаваат пријатели.

*****

Пријателството не се реди
со златници,тоа по себе е сјајно.

četvrtak, 26. studenoga 2015.

ВО ИМЕТО ТВОЕ

ВО ИМЕТО ТВОЕ


Во името твое
судбина се крие
Европа те гледа и 
сака да те скрие.
Сонува сонови разни
а желба гори во цвет се стори
сонува сонови празни.
Ти си земја,
на Балкан за пример
И оној кој  по тебе  газел
и кој те мразел
се што те боли
сега само за него моли.
Молитвата твоја е сила
за земјата наша  мила.

Соња Таировска Ѓурчак

26. 11. 2015 Улм 

utorak, 24. studenoga 2015.

МИР И ЉУБОВ

МИР И ЉУБОВ

Изворна жлезда многу брзо лачи
река солза полна
за мир и љубов плачи.
Корито полно риби,
големи и мали,стари и млади.
Течи вода, надојде река.
Дали вода до море ќе стигни,
а молитва мир и љубов на обала
бранови ќе дигни.

Соња Таировска Ѓурчак

24. 11. 2015 Улм 

ОРАНИЦИ РАВНИ

ОРАНИЦИ РАВНИ

Изорај ораници равни,
посеј семе, желби живи
род да родат,семе светлина да види
ораница градина да биди.
Пренеси желба жива
на лист бел од свила
букви да се редат со љубов мила.
Вечно да останат тука
а, земја од род да пука.
На ораници равни
благослов и род.
Сонцето, подарок прати.

Соња Таировска Ѓурчак

24. 11. 2015 Улм 

nedjelja, 22. studenoga 2015.

ПОД ШАМИЈАТА

ПОД  ШАМИЈАТА

Се реди радос,тага и милост
кој ја мери тежината на животот.
Во мигот на тишината,
одекнуваат, скриени зборови
под шамијата, на една старица.
Која веќе одамна замина.
Утрото се разбуди, и
раскажува за сонот и за
цветната шамија
која плива во езерото.
А зборовите, подаваа рака
кон сонцето молеа за спас.
Како се мери животот
остана неодговорено прашање.
Под шамијата на животот.

Соња Таировска Ѓурчак
22. 11. 2015 Улм


subota, 21. studenoga 2015.

ЗАКОНОТ НА ЖИВОТОТ

ЗАКОНОТ НА ЖИВОТОТ

Како млад музичар,
со духовна ферквенција,
засаде ноти по златните звезди.
Ги отвори сите врати а,
зборовите останаа нанижани на крст.
Немирот ја помрачи светлината
низ темнината одекнува фенерот
пред правецот на вистината.
Никнува родот, од благородните мисли,
жива желба од животот.
Од прегратките на градината
се разнесоа цветовите,
од последниот трендафил
кој потрчаа кон златните звезди
и се приковаа во просторот.
Во законот на животот.

Соња Таировска Ѓурчак

21. 11. 2015 Улм 

srijeda, 18. studenoga 2015.

КОШНИЦА ПОЛНА

КОШНИЦА ПОЛНА


Кошница полна погачи бели
а,птици  гладни на небо.
Престава нова во театар почна
публика, многу нема.
А старица една од врата гледа
на сцена,
дивеч со цвеќе ранат!
И тогаш стара мајка соза пушти
која езеро се стори
за пет синови свои.
Кошница сега трошки е полна.
бара промена нова.
На сцена туѓи стапки оставија трага.
завесата се спушти пред земја една.

Соња Таировска Ѓурчак

18. 11. 2015 Улм.

ПОРАКА

ПОРАКА

Длабоко во прегртки твои
порака стои.
А времето вистина  носи
куфери полни,
и порака ќе пренеси.
Љубовта излиена во илјада бои
за цел свет исто стои.
Еден ден вистината ке збори
повик и порака во денот
анѓел молитва моли  
за пораката во имети што  збори.

Соња Таировска Ѓурчак

18. 11. 2015 Улм 

utorak, 17. studenoga 2015.

СЕ РОДИ

СЕ РОДИ

Како семе посеано во пролет,
се роди, во утробата на земјата
се роди, желба,полна живот.
Се роди, со топла крв,
се роди, како јагне кое сега веќе оди
се роди, и ја разбуди светлината.
Времето минува,мина како сон
од секој дом,
секоја нова желба има и нов род.
Битката победи
а,снегот се стопи.

Соња Таировска Ѓурчак

16. 11. 2015 Улм 

ponedjeljak, 16. studenoga 2015.

ПОБЕДА НА ЖИВОТОТ

ПОБЕДА НА ЖИВОТОТ

Животот е убав,
градина полна со цвеќиња.
Само уште трендафил треба да се насади
Трендафил кои нема трње
кој не остават трага и болки
каде солза нема да падни
а градината ќе ја навадува роса радосница.
Мирисот ја опива душата
чаробните бои од животот
ја прават уште поубава и поубава.
Животот постана многу краток и брзо минува
како да е во некое такмичење
се такмичи за победа
која овде и ја нема.
Победата е таму во островот на тишината,
каде љубовта и тишината поново не чека.
Во куќата каде се враќаат птиците преселници
се враќаат во топлото кнездо.

Соња Таировска Ѓурчак
8. 11. 2015 Улм 

ВРЕМЕ

ВРЕМЕ

Измеѓу небото и земјата
се раздипли утрото.
Поигруваќи се со сонот
кои беше одамна заминат
низ дланкит се топи и времето
кое нема сон а милува.
Бисер капка вода потекува
од кладенец студен.
Потекува бразда до времето утре
Времето,
неуморно
чека
во браздите
на времето
да потечи радост.

Соња Таировска Ѓурчак

15. 11. 2015 Улм 

subota, 14. studenoga 2015.

ЗБОРОВИ КОЈ ПАТУВААТ

ЗБОРОВИ КОЈ ПАТУВААТ

Се топат, како првите снегулки
што паѓаат на земја.
А потоа се изливаат низ усните
кој жедно ги чекаат,
од јатото на птиците,
кои се во летот на селидбата.
Будноста ја чува топлината на зборот
ја постила по  патот на тишината.
Во шепот ја листа со насмевка ја чува
во градите на небото.
Секое ново раѓање поново се учи
молкот на времето престанува
а,утре пак ќе се повторуваат
зоровите кој патуваат .
Ќе сменат боја,ке издлабнат брчки
капки ќе се слеат по лицето на животот.
Во мислата ке се повторуваат
зборовите како молитвата
која е веќе научена.

Соња Таировска Ѓурчак

14. 11. 2015 Улм 

ponedjeljak, 9. studenoga 2015.

ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈО


Соња Таировска Ѓурчак,Улм Германија.

ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈО

Те гледам,затоа што те гледам со срцето,а срцето ја гледа само љубовта.Нема далечина подалеку од срцето тоа е вистинската искрена љубов мила Македонијо.Гледам во времето, гледам во срцето, видение кое нема граница и далечина.Додека пред многу далечни  години одеа на печалба,аџилак,денес сме пратеници да ја шириме вистината да ја сочуваме вредноста да ги закрилиме бисерите на ѓердан нанижани со кирилицата,а килим, вез извезан со буквите наши Македонски. Те сакам и во срце те носам,моето детство го хранеше твојата родна почва,јазикот кој го научив да го зборувам како дете е македонски го помнам и не го заборавам.Во историјата останаа запишани културата и литературата а во срцето мое љубовта твоја те сакам Македонијо.Тифките ветрови ја понесоа мелодијата ја понесоа и раширија во длабочините на светот.Секој твој сончев зрак е македонска гордост.Твојата почва раѓа живот,живот на вистинска  вечна љубов.Охридското езеро солза радосница македонска која пои пои нов живот.Од далечини те гледам,твоето прво богатство е љубовта а светлината го осветлува времето и просторот те  гледам и те сакам.Остана само една вистина вечна запишана
во Солза и Љубов
Љубов само со љубов се мери и со ништо не може да се смени“
Таква земја само една има
Само една вистина света
Никој нема кантар да ја мери
Ниту име да Ти  смени.

 Те сакам Македонијо!

хххх 118

Во мудроста не постои сила
само чуства.
Чуствувајте вистина и толина.

*****

Вистината е родена од вистината
и е вечна.

*****

И денес води патот кон боженственото.

*****

Мислата која е најблиску до верата,
оди со раширени раце во пресрет
на новото напишано дело
низ светлината и просторот од денот.

*****

Имај те ги сите убавини
во оваа тишина
која носи радост  низ
тишината и убавината на времето
а некаде далеку  на островот  свети фенерот
со светлината на љубовта.


nedjelja, 8. studenoga 2015.

POBJEDE ZIVOTA

POBJEDE ZIVOTA

Zivot je lep basta puna cveta
ali treba se  i ruze posaditi,
ruze koi nemaju trna
koj ne ostavljaju traga bola.
Gde suza neke pasti a
basta zaliva rosa radosnica,
miris opije dusu,boje carobnog zivota
prave jos lepsim i jos  ljepsi napraviti.
Zivot posto je dosta  kratak,i brzo prolazi,
kako da je u nekoj trci i takmici se za pobjede
koja i ne postoi ovde,
pobjeda je tamo na ostrovo tisine,
gde nas ljubav i tisina ponovo ceka,
u domu kde se sve ptice preselnice
vrakaju u toplom gnjezdu.

Sonja Tairovska Djurcak

8. 11. 2015 Ulm

petak, 6. studenoga 2015.

TREUMEN KENNEN


TREUMEN KENNEN

In leben reich zu sein
ist nicht genüg,
wenn die fantasi und die Seele
in deine Stilen
nicht Treumen kennen.

Sonja Tairovska Durcak
2. 3. 2015    Ulm - Gengenbach


WENDEN

WENDEN

In deine leben
nicht müde werden,
neu zielen iberlegen
an denen,
mit beiden Händen greifen
in Gedanken nenen
an die neu leben wenden.
In deine leben
nicht müde werden.

Sonja Tairovska Durcak 
2. 3. 2015 Ulm 


četvrtak, 5. studenoga 2015.

ххх 117

Животот секогаш нуди повеќе,
подобар полесен начин на живот.

*****

Како птица полетај во небото
и погледај во сонцето,
таму се изворите на вечноста.

*****

Духовното присуство,
всадено во духот наш
течи како река и го напојува сувата земја.

*****
Ново раѓање поново се учи
Патување кое води до изворите на вистината 
утре пак ќе се пофторува.

*****

Светот е освоен,победата ја носи љубовта


*****

Тајната на вистината е во животот
кои течи како река,
ги спојува изворите на добрите души.

*****

Само упорноста води до успехот.

*****

Измеѓу небото и земјата
постои само една вистина
а тоа е светлината.

*****

И под снегот,топлина се крие
а кокиче длабоко уште спие.

*****

Животот е радост,гордост полн со желби
кој во животен простор лебди.

*****