srijeda, 2. rujna 2015.

ТЕ ИЗГУБИВ

Те изгубив,
во небото помеѓу звездите,
помеѓу белите и сиви облаци.
Те изгубив,
во морето помеѓу коралите
помеѓу школјките со морси бисер.
Те изгубив,
во јатото на птиците,
јато птици преселници.
Те изгубив,
во просторот со разиграните
пеперутки,кој ја понесоа и тајната.
Те изгубив,
а вистината остана
Вистина скриена во солзите.


ТЕ БАРАМ
Те барам,
во небото помеѓу звездите,
помеѓу белите и сиви облаци 
Те барам,
во морето помеѓу коралите
помеѓу школјките со морси бисер.
Те барам,
во јатото на птиците,
јато птици преселници
Те барам,
во просторот со разиграните
пеперутки,кој ја понесоа и тајната.
Те барам,
а вистината остана
Вистина скриена во солзите.


Nema komentara:

Objavi komentar