četvrtak, 24. rujna 2015.

ВРЕМЕТО МИРУВА

ВРЕМЕТО МИРУВА

Времето мирува,
а ангели пеат,
Мирува во просторот
на тишината...
Бара, засолниште под сонцето.
Сонцето е толку блиску,
трепери и воздухот
за жед на животот...
Низ долгото патување а,
дремката е далеку од сонот.
Времето мирува
во омилена игра  
и се топи во песокот.
А,звездите блескаат...

Соња Таировска Дурчак

21.9.2015 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar