srijeda, 15. srpnja 2015.

КОГА ЗАМИНА


КОГА ЗАМИНА


Кога замина,
застана и времето,

застана и денот
часовникот го означи само минатото,
застана тишината на прагот пред времето.
Кога замона,
застанаа и птиците на небото
облаците ја променија бојата,
водата испари,
остана само една солза
спомен на минатото.
Кога замина,
во просторот на воздухот
се изгуби во летот на пеперутките,
кој раскажуваат за сенката  која одмина
и остави спомен грст од бисери.
Остана само убав топол збор,
во времето неизмерено,кога замина.

Соња Таировска Ѓурчак
15. 7. 2015 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar