nedjelja, 29. ožujka 2015.

ZEMJA NA RAJOT

ЗЕМЈА НА РАЈОТ

Крстена си,
во изворите на златното Сонце
и во светлината на светлината.
Видение твое и чуства твоја
кои душа носат и од длабок сон
живот будат.
Никнува семето на мудроста
расте и ја открива тајната
на тишината.
Твојот остров е исполнет со
тишината на желбите и вистинската
твоја топла љубов, љубов.
Земјата на рајот.
Во благодарност одзонува
ритамот на срцето, од каде се излеваат боите
боите кои зборуваат за животот
и за земјата на рајот.

Соња Таировска Ѓурчак
29. 3. 2015 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar