četvrtak, 26. ožujka 2015.

ЉУБОВ И НАДА

ЉУБОВ И НАДА

Пишувам и творам
учам и молам,
почитувам и сакам
втуѓина сама патам.
Пишувам за земјата моја
за туѓинци и бегалци
низ светот од векот.
Пишувам,
збор кој ќе го разбере секој,
збор што можи да се сфати
збор кој далеку се слуша
духовна храна за сечија душа.
Пишувам и праќам
молитва за земјата моја,
сето богаство назад да се врати
доста, со векови пати.
Горда сум,ако сум во туѓ свет,
на таа библиска земја од век.
Народ кој со векови страда
а пол со љубов и нада.

Соња Таировска Ѓурчак

25. 3. 2015 УЛМ

Nema komentara:

Objavi komentar