utorak, 4. studenoga 2014.

MOKTA I PARITE

ТАЈНА - Природниот закон на универзумот
29. März · Bearbeitet
Моќта и Парите
Како да ги подобриме нашите финансии

Како се чувствуваш во однос на парите?Повеќето луѓе би рекле дека ги сакаат парите,но ако немаат доволно,воопшто не се чувствуваат добро.
Ако го погледнеш светот,ќе видиш дека мнозинството луѓе немаат добри чувства,затоа што најголемиот дел од парите и богатството на светот е во рацете на околу 10% од луѓето.Единствена разлика меѓу богатите и другите луѓе е тоа што богатите имаат повеќе добри чувства во врска со парите,отколку лоши.Толку е едноставно.Тоа не е затоа што никогаш немале пари.Впрочем,повеќето богати луѓе на почетокот немале ништо.Причината зошто толку многу луѓе се чувствуваат лошо во врска со парите е тоа што имаат негативни верувања во однос со нив,а тие негативни верувања им се всадени во потсвеста уште од детството.Ваквите верувања се,на пример:'не можеме да си го дозволиме тоа','парите се зло','богатите луѓе сигурно се нечесни','погрешно е да сакаш пари,тоа не е возвишено','да имаш пари значи да работиш напорно'.
Ништо од овие работи не е точно.Животот функционира на сосем поинаков начин.Ако ти недостигаат пари во животот,тоа е затоа што имаш повеќе лоши отколку добри чувства кон парите.
Не е важно каква ти е сегашната финансиска состојба.Не е важно во каква финансиска состојба е Твојот бизнис.Кога ќе ги промениш твоите чувства кон парите,количината пари во твојот живот ќе се промени.
Замисли дека си богат сега.Замисли дека веќе имаш онолку пари колку што ти се потребни.Што би било поинаку во твојот живот.Размислувај што би правел со нив.Како би се чувствувал.Би се чувствувал поинаку,и поради тоа се би било поинаку.Би зборувал поинаку.Би имал поинакво држење на телото и би се движел поинаку.Поинаку би реагирал на се.Твоите реакции на сметките би биле поинакви.Би бил релаксиран.Би имал мир.Би се чувствувал среќен.Би уживал во секој ден,без да размислуваш за утре.Тоа е чувството што сакаш да го зграпчиш.Тоа е чувство на љубов кон парите и тоа чувство е лепливо како магнет.Во бизнисот,или твојата работа,во што и да е,осигурај се дека даваш количество вредност еднакво на парите што ги добиваш,како добивка или плата.Ако даваш помалку вредност од парите што ги добиваш,тогаш твојот бизнис или твојата кариера ќе бидат осудени на неуспех.Во животот неможеш само да земаш од некого,затоа што земаш од себе.Ако даваш повеке пари отколу што добиваш,бизнисот и кариерата ќе ти тргнат по нагорна линија.
Убавината на животот е во тоа што кога ќе ја ставиш љубовта на прво место,сите пари потребни за исполнет живот,ќе дојдат сами.
Бидејќи судено ти е да ги имаш парите,што ти се потребни за исполнет живот.
Не ти е судено да страдаш од недостиг на пари зошто страдањето додава негативност во светот.Убавината на животот е да ја ставиш љубовта на прво место,сите пари потребни за исполнет живот ќе дојдат сами!!!
Јованка Угарчева — mit Canan Veyselova Sezer und 27 weiteren Personen.
Ende der Chat-Unterhaltung
Gesehen: 15. Mai

Nema komentara:

Objavi komentar