ponedjeljak, 17. studenoga 2014.

ОСТАНА БЕЛЕГ



Белег на радост,радост која топли
белег на среќа,која пее и се смее
белег на збор,збори и твори
белег на солза која извира
како бисер од изворот на љубовта.
Во солза и љубов се мие
бисер од збор кој се нижи во гердан,
и остава трага и белег.
Белег на кованици, зборови стари,
белег на вистини чисти, и исти
како тогаш кога времето со времето
го милуваше погледот од прозорецот на срцето
а крвта во жилите врие,и патеките ги мие.
Остана белег,лузна која се гледа во очите
а скријена во длабочините на времето.
И кога последниот пожолтен лист од
црешата стара паѓа во дворот
ветерот го неси а испод остава белег.
Белег на радос,среќа и вистина чиста.

Соња Таировска Ѓурчак
17.11.2014 УЛМ


Nema komentara:

Objavi komentar