nedjelja, 31. kolovoza 2014.

СИМБИОЗА НА ПЛАНЕТАТА

ДА СУМ ПТИЦА

Да сум птица
ќе правам гнездо
во куќата на небото.
Ќе летам по улиците на небото
ќе летам по сокаците
на златните звезди.
Да сум птица
ќе ги отворам ширум прозорците
на заспаните звезди,
ќе ги будам од длабокиот сон.
                                                 Да сум птица.


ГЛАС НА ВРЕМЕТО

Те слушам
во тишината на времето
и во ритам на срцето.
На бел лист
ја испишувам светлината.
Те оставив на чување
на чување во молк на времето
само звездите ја следат
тишината,која ме враќа во
гласот на времето.


Во животот,
создавај секогаш нови желби
нека течат како во поток бистра вода
во коритото на верата.


Секоја нова создадена убава мисла
е осветлена со светлината и брзината
на верата.

Изртените никулци на лагата
не пуштаат никогаш корења
вистината ги коси и паси.

Во животот треба да се оди 
а не да се стои.


31-8-2014 година Улм 
Соња Таировска Ѓурчак 

Nema komentara:

Objavi komentar