ponedjeljak, 4. kolovoza 2014.

ЌЕ ТЕ БУДАМ МАЈКО

Мајко проштевај
од длабок сон што те будам,
сакам да те видам,
крај тебе Мајко да бидам.
Стани Мајко, сакам да зборам.
Да ти кажам....дека цела горам.
Во срце болка стега,
мисла негде во детинство бега,
низ дворови стари трчам и пеам
трчам пеам и се смеам,
а во срце болка Мајко стегам.
Стани Мајко со тебе сакам да зборам.
Тебе те нема огниште згасна
врати се Мајко врати се
искра во срце гори
со тебе Мајко сака да збори.
Слушнија барем песнава моја
со тешки зборој сега се борам
кажи мила Мајко што да сторам.
Грмежи татњат од сите страни
зборој тешки Мајко паѓат од сите страни
ах Мајко прават лути лути рани.
Тешко е Мајко без тебе сега
во срце камен студен легна,
тебе те нема а во мене се се стегна.
Пустош остана сегде
исчезна,светлина ,топлина
и љубов твоја замина негде.
Пустош остана сегде.
Сакам се да се врати
исто да биди како тогаш,
кога мајко ти палеше оган.
Како пилци греевме раце,
трчавме низ стари дворој
и љубов имавме зборој.
А без тебе Мајко пустош остана сегде.


Nema komentara:

Objavi komentar