nedjelja, 6. listopada 2013.

Воденица


Воденица, стара остана празна.
Под селото доле Воденица стара
стои сега осамена  и тажна.
Уморна од времето и соништа разни
за воденички  камења,
што останаа сега празни.
Воденичарот без збогум да земи                          
замина во царството вечно.
Плас вода низ скалини твои мини
побелен глушец последна вреќа кини.
Катанецот  зарѓал веќе,  рѓа го јади
а времето се полека од тебе кради.

Nema komentara:

Objavi komentar