subota, 28. rujna 2013.

КОВАНИ ПАРИ


КОВАНИ ПАРИ

Бисер љубов мајчин уште пука,
по чеда мили уште кука
рубин наш боја мена
мајчино срце од тага свена.
За деца мили што во свет ги прати
ни едно назат не се врати.
Долар, Шилинг,Евро
во секоја глава сега звонат
мајчини очи уште солзи ронат.
Аманет Мајка во срце стега,
сака да ви кажи за последно сега,
последен мајчин збор!
Овој живот нема да се врати,
со туѓи пари ќе се плати.
Денар е ваша стара кована пара.
Врате те се сега сите дома
и светот ќе дојди кај  нас дома
таа наша нјaстара кована пара
овде да ја бара.
За последно, Мајка сака деца да си види
и ако во ковчек ќе биди.

Соња Таировска Ѓурчак

Nema komentara:

Objavi komentar