СЕНКА ВРАТА ОТВОРА
Исчезна портата oд дворот,
ја снема!
Ја нема, вратата од куќата,
ги нема ни
вратите од одаите.
Прозорците расковани,
гледаат
во длабочините на
светлината.
Чуварот,што ја
чуваше куќата
заспа и он во
вечен сон.
ГО НЕМА!
Чардакот се
спуштил до земја
чека да го потпри
некој.
Сенка врата
отвора,
а месечина
затвора.
Само времето и
тишината
градат порти и
врати од воздух.
Дождот ги мие
болните рани на ова тло.
Од камарчето на
иконата
се слуша
молитвата
на пресвета
Богородица.
Надзирка кандилото
бес пламен.
Во шепот на
темелите
и молитвата на
пресвета Богородица
се слуша уште
еден глас.
ОВДЕ ЉУБОВТА Е
ПОЈАКА ОД СМРТА!
Тука има уште
живот, ако врата нема.
Сега само како се
да заспало
во приказната на
вистината.
А јас не се
осудувам да ја разбудам.
Nema komentara:
Objavi komentar