nedjelja, 7. srpnja 2013.

ТОА ОСТАНА


ТОА ОСТАНА

Од вистина чиста
Приказна се роди.
Во светлина и љубов
Сака пак да оди.
Струшена е до земја куќа стара.
Разиграни спомени децки
Тука уште бара.
Сега по рушевини
пак спомени се будат.
Цветови нежни
уште мирис со љубов нудат.
Кошула од змија покрај тебе лежи.
Камен бел,и рушевина тажна на место тежи.
Од огниште и куќа стара,
Тоа се стори,
А во гради уште љубов оган гори.
Само бел камен остана!
И во вистина вечна љубов постана.

Соња Таировска Ѓурчак 
2013 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar