subota, 2. kolovoza 2025.

СРЦЕТО МОЕ ПАМТИ ДОБРИНИ

 

Срцето мое памти добрини
и не сакам да ги заборавам...
Не сакам да заборавам дека првиот здив го до
бив од мојата  мајка.На која сум и  вечно благодарна...
Дека првите чекори ми беа водени од рацете на
мојот татко.Му благодарам...

На сите наши претци кој се бореја за нашата Татковина и платија со крв,каде и денес крварат вените на земјата наша, каде и денес се суша плачот на мајка Македонија памтам благодарам и возвраќам гласно,Те сакам, Те чувам само љубовта неможи да ја победи

никој . Вечна Македонија.
Секој што ме прегрнал искрено, ми дал да понесам нешто убаво и вечно.Му благодарам.

Не сакам да заборавам колку љубов, време и тишина ми подариле луѓето што не мораа, но сакаа.Им благодарам...
Сакам да се сеќавам
, и чувам. Сакам и да возвратам.
Со збор, со тишина,
насмевка и со добрина.

Затоа денес  на овој голем празник им благодарам на сите. И нека знаат:
Ништо добро не е залудно,
доброто е нешто свето невидливо а многу вечно  ако срцето го памети.Благодарноста е света, да памтиме  и да возвратиме...

Соња Таировска Ѓурчак

02.08.2025 Улм



Nema komentara:

Objavi komentar