nedjelja, 17. kolovoza 2025.

КАДЕ ОСТАНА БЛАГОДАРНОСТА

 

КАДЕ ОСТАНА БЛАГОДАРНОСТА

Интересно, но и многу тешко прашање. Не е поврзано само со домашното воспитување. Длабоко се крие вистината и таа е различна, зависи од околината или друштвото, од карактерот кој го градиме сами, од емоциите, но и од зрелоста.

Колку навистина знаеме да ги цениме не само најблиските, туку и сите со кои се дружиме, или оние што ни помогнале во животот кога ни било најтешко? Сето тоа зависи од здравиот разум. Некои размислуваат многу едноставно и мислат дека секој треба да им биде секогаш достапен, за било која цел.

Кога не е така како што си замислуваат, почнуваат да применуваат нова техника, озборување, клеветење, омаловажување и многу други неубави постапки. Не размислуваат, затоа што нив ги носи стравот. Веруваат дека со таа техника ќе излезат од ситуацијата што ги турнала до дното на земјата.

Но, во позадина остануваат последици. Стравот, од кој не се ни свесни, ги измачува со несоница, која подоцна може да се претвори во вистинска болест. За вакви состојби нема доктор што може да излекува, ниту терапија што може да помогне. Тоа е најголемиот вирус што доаѓа од неблагодарната и неискрена душа.

Затоа, за вакви и слични нешта треба да се внимава не само на зборовите, туку и на делата што некој ти ги нуди. Не очекувај благодарност од неблагодарна душа. Не очекувај помош од оној што секојдневно те манипулира, зборува едно, а прави друго. Секој негов потег е само за сопствена корист. Тоа доволно ти кажува за да ја заокружиш блискоста.

Не дозволувај да ти ја крадат твојата светлина и твојата вистина. Подалеку од луѓето со неблагодарна душа, подалеку од луѓето што живеат во времето на лажниот свет.

А твојот ден нека секогаш почнува со утринска света молитва:

„Се будам со светлината во мојата душа.
Од срцето извира изворот на љубовта и добрината.
Секој мој чекор чекори по патот на искреноста
и го сее семето за мир.“

Соња Таировска Ѓурчак

!7.08.2025 Улм 




„Неблагодарната душа не ја лечи ни доктор ни терапија.
Чувај ја својата светлина и биди мирот што го треба светот.“

„Не очекувај благодарност од оној што манипулира.
Вистинската сила е во твојата искреност.“

„Подалеку од луѓето што живеат во лаги.
Твојата светлина нека гори за мир и добрина.“

Nema komentara:

Objavi komentar