subota, 9. kolovoza 2025.

ОД БОИТЕ НА ЖИВОТОТ

 ОД БОИТЕ НА ЖИВОТОТ

Потекнувам од средноимотна фамилија, каде што немавме луксуз, но имавме живот кој зборуваше за среќа, од кој научив многу. И денес, со голема благодарност, славно и гласно им се заблагодарувам на моите родители, кои дадоа сè од себе за да нè изведат на скромен и реален пат низ просторот на животот.

Знам дека и како дете ја гледав целата таа ситуација. Само добрината од моите родители секогаш ми даваше посебна детска радост во која растев среќно и успешно, како секое друго дете во тоа време. Во моите детски очи остана, и до ден денес, една преубава и богата слика, која почнав да ја бојам уште од детството и која продолжив да ја бојам со боите на животот.

Среќна сум, и додека го пишувам ова, ми навираат радосни солзи за мојата благословена мисла, која денес ја искажувам и со светлината на зборот, и со боите на животот. Прекрасно е да се сеќаваме на минатото, а да живееме во сегашниот миг и да чекориме славно и со почит,  кон себе, кон човештвото , затоа што во животот можеме да дадеме она што го имаме, па дури и ако е тоа само еден убав и благословен збор или блага, искрена насмевка која доаѓа од благословена душа.

Ова чувство ме радува и ме исполнува со нешто што тешко може да се опише со зборови. Додека сакам да го напишам крајот, повторно ги бришам солзите што се тркалаат како два бисера по моето лице, а ги прикачувам на овој запис како сведоци на еден преубав живот, живот чии корени се втемелени уште од моето детство.

Нетреба многу да си среќен со спомените расти и среќата во животот само свето силно и благословено понеа.


Соња Таировска Ѓурчак 

09.08.2025 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar