nedjelja, 10. kolovoza 2025.

МК

 Она што го носиш во срцето е она што го даваш на светот, а она што го даваш е токму тоа што ќе ти се врати. Затоа негувај мисли на мир, љубов и благослов  тоа е  семето од кое расте вистинскиот живот.



 Свилената панделка не ја менува содржината на кутијата.

Мислата е патник која патува а  секогаш се враќа дома.

Кој во светот испраќа омраза, самиот ја пречекува.

Благословот расте само во срце без инает.

Лажната добрина е најтенка маска – брзо се кине.

Неблагодарната душа е буре без дно, колку и да го полниш, и да даваш секогаш е празно.

Кој не е благодарам  жеден е и  покрај бунарот.




Nema komentara:

Objavi komentar