Да учиме од вистината
Кога човекот не може да ја
поднесе вистината, затоа што е болна, тој не се обидува ниту да ја види, ниту
да ја препознае таму од каде што доаѓа. Не знаејќи и многу брзоплето, фрла оган
врз неа, мислејќи дека така ќе ја изгори. Но, вистината не се гаси со оган, туку со длабоко созреан збор, со здрава мисла,
како што на жива рана се става мевлем.
Од вистината се учи.
Соња Таиривска Ѓурчак
27.07. 2025 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar