Болка
Болката не вика — таа шепоти во тишината.
Има болката што не се гледа, таа долго трае.
Болката те учи што никој друг не сака да ти каже.
Најтешко е кога болката стане дел од твојата тишина.
Секој што носи болка, научил да оди низ животот на прсти.
Тишина
Тишината слуша сè што зборовите само трае не сака да кажи.
Во тишината душата најгласно зборува.
Некои тишини не се празни, туку преполни.
Кога тишината зборува, значи си останал сам со вистината.
Тишината е судија кога зборовите се уморни од лаги.
Туѓина
Во туѓина не старееш — таму бавно исчезнуваш.
Туѓина е место каде и сонцето изгрева на туѓ јазик.
Најголемата далечина е помеѓу тебе и твојот дом.
Во туѓина никогаш не стануваш свој — само подобро научиш да се преправаш.
Нема враќање од туѓината, само срце не заборава од каде доаѓа.
Самотија
Самотијата не е кога си сам, туку кога никој не те разбира.
- Во самотијата најмногу ја слушаш душата, или ја губиш.
Некои самотии се побезбедни од лажните прегратки.
Самотијата е како ехо, ти враќа само тоа што носиш во себе.
Светот е полн со луѓе, најтешко е да најдиш човек за да не си сам.
Nema komentara:
Objavi komentar