subota, 27. svibnja 2023.

ПЕСНА ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА кн 11

 

ПЕСНА ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА

Секоја песна има нота,

секоја нота има песна и стих.

Некоја песна останува пролет,

некоја песна останува цвет.

Има песна која те води далеку

има песна која те води дома.

Твојата песна мајко

те понесе низ целиот свет.

Широко раскрилени твој раце

го загрнаа целиот свет и секое дете.

Секоја песна е сјај во очи

секоја нота полна со насмевка твоја блага.

Душата твоја уште милно се смее

Твоите зборови благи уште  цел свет го грее.

Мајка  Тереза со љубов полно срце и душа

Безсмртен остана наш дел

Остана да сјај во светот цел.

 

Соња Таировска Ѓурчак

27.05.2023 Улм Германија

 

nedjelja, 14. svibnja 2023.

ОВА Е МОЈАТА МАЈКА

 


ОВА Е МОЈАТА МАЈКА на која сум и бескрајно благодарна што ме донесе на овој свет. Ти ми беше првата учителка во мојот живот, и ми беше пролет во децки дом, зборот МАЈКА е збор кој неможи да се мери ни да се купи, таа е најголемата, нај богатата задача што ја има и ја прифака секоја мајка, голем божи дар која е светлина и пролет пред секое дете.

Знам дека животот не беше во тоа време лесен,како и денес, едно знам колку силна љубов полна, мајка беше,ТИ БЛАГОДАРАМ МАМО ти благодарам ,за недоспаните ноќи,за твојата  љубов, и денес ги спомнувам твоите зборови и твоите поуки,те сакам и Те чуствувам тука Ти благодарам за се и овој мајчин ден нека биди ден на вечна мајчина љубов.

На сите мајки убав благослове мајчин ден.

Соња Таировска Ѓурчак

14.05.2023 Улм

četvrtak, 11. svibnja 2023.

САКАМ ДА СЕ СРЕТНАМ

 

САКАМ ДА СЕ СРЕТНАМ

 

Времето минува, низ моите поседени коси

патуваќи со туѓата цена на сонот.

Денот ме буди , во пригодата на вистината,

да се сретнам восебе, во сопственото Јас,

пред отворената книга. 

Сакам да се сретнам

со сенката на белиот облаг.

Со буквите исплетени низ корењата.

Да ги прелистувам страниците,

со белите букви испишани на цветниот баграм .

Под белите цветни букви

душата го крие шумот на Татковината,

а една солза се тркала како  карпа

паѓајќи во потокот на тишната

и осветлуваќи ја Татковината .

Соња Таировска Ѓурчак

11.05.2023 Улм

 

četvrtak, 20. travnja 2023.

Продавам кука

 

Продавам Кука во село Извор /Велеско

Градена е куката 1975 реновирана 2022 

Куката е со два стана и работен простор,

или за било која друга употреба.

За пошироки информации на месинџер.

nedjelja, 16. travnja 2023.

ХРИСТОСТ ВОСКРЕСНА HRISTOST VOSKRESNA

 ХРИСТОС васкресе,да врвиме по светлината на ХРИСТА да ни бидат душите полни со љубов,срцата со милост,да растиме во висисината на ХРИСТОС .ХРИСТОСТ секогаш трон во нашиот живот.Вистина васкресе АМИН.

Зборот е жив,

кој е светлина на секој пат,

и денес нека ги осветли сите патеки

нека биди мевлен на болна рана,

нека небиди сабја која срце сечи...

petak, 7. travnja 2023.

МК

 💓💓💓

 

Еден е клуч што ја отклучува вистината.

💓💓💓 

Не е богаството во џепот

богаството е во умот и во добрата душа.

 💓💓💓

Сиромаштијата е буре без дно,

колку да даваш секогаш е празно и малку.

💓💓💓 

Животот е животна камера

што снимаш тоа гледаш и живееш.

 💓💓💓

По можност избегавај ги лошите работи,

што мислиш тоа се враќа,

доброто со добро се враќа

а, лошото со лошо.


Соња Таировска Ѓурчак

07.04.2023 Улм 

subota, 1. travnja 2023.

ВО СТАКЛЕНОТО НЕБО кн 11

 

ВО СТАКЛЕНОТО НЕБО

Пред затвореното небо бега мислата

во раскрилениот облак,

поминуваќи низ замагленото огледало

низ прстите и корените на Татковината.

Се надминуваат  благородите

во стакленото небо,преплетени

со космички изткаени приказни

од обоените градови со олуи

во народната психа и физика

каде се пишува и црта.

Го лажам времето со коцка чоколадо

од моето постоење,

и со многу други реченици 

со блесок во темнината на ноќта.

Остана само едно парче облак

каде небото плачи низ пукнатините на времето

плачи и дождот, кој е крадец на убавото време.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.04. 2023 Улм